27 Април, 2024
0.0284

Курири, а прават милиони евра! Кои се тие?

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Курирските услуги се услужен бизнис во кој се вртат солидни суми. Остануваат и профити. Во овој бизнис е очигледна разликата во управувањето кога се споредува приватната иницијатива и партиското поставување на директори во држани фирми. Државната „Македонска пошта“ остварила приход од 19,2 милиони евра и загуба од 2,7 милиони евра. Наспрема неа шест приватни фирми генерираат заедно 13 милиони евра од курирски и останати поштенски услуги, а само една една е во загуба од работењето додека другите остваруваат профити

Додека државниот монопол за универзални поштенски услуги ниже загуби приватните курирски фирми растураат на домашниот пазар за пратки. Официјалните податоци покажуваат дека шест приватни компании во 2018 година имале приходи кои се поголеми од половина милион евра. При тоа само една од тие компании работела со загуба, а сите други прават профит. Шесте курирски компании кои се регистрирани за дејностите останати поштенски и курирски услуги генерирале кумулативен приход од 13 милиони евра. Наспрема нив државниот монопол има приход од 19,2 милиони евра и загуба поголема од 2,7 милиони евра.

Најуспешна компанија која нуди курирски и и останати поштенски услуги е ДХЛ Експрес Македонија која остварила приход од 7,95 милиони евра. Добивката е 89.100 евра и бележи пад од 36 отсто во споредба со истиот период претходната година и тоа во услови кога приходите останале на ниво од претходната година. Оваа компанија е македонска подружница на „Дојче Пост Бетеилигунген Холдинг“.

Нејзин најголем конкурент е „Дел Цо ДООЕЛ“ фирма ќерка на „Делцо Холдинг“ и на Кристијан Маг. Д-р Конрад. Оваа позната компанија на помошни поштенски и курирски услуги во 2018 година остварила приход од 2,7 милиони евра и добивка од 359.000 евра. „Дел Цо ДООЕЛ“ за разлика од конкурентот ДХЛ Експрес бележи солиден раст на приходите и голем раст на добивката во споредба со 2017 година. „Дел Цо ДООЕЛ“ е компанија со најголем профит од оваа дејност во 2018 година

И третата најголема курирска компанија е во странска сопственост. Станува збор за Мове Оне Интернационал сопственост на кипарската компанија Лучела Лимитед. Оваа фирма во 2018 година остварила приходи од 860.000 евра, но годината ја завршила со загуба од 89.000 евра. Оваа компанија во 2018 година изгубила 20 отсто од приходите, а ја зголемила добивката за речиси 3 пати.

Најголема домашно поседувана курирска компанија во 2018 година била РСЕ Оптима сопственост на Вите Ѓоргиевски. Оваа компанија оставрила приход од половина милион евра, а при тоа добивката изнесува 8.800 евра. И добивката паднала за 90 отсто во однос на 2017 година.

Во остра конкуренција на домашни компании се уште и ТПЛ Тотал Пост Логистик и Нова Пошта ДООЕЛ Скопје. Првата остварила приход од 487.400 евра и добивка од 6.000 евра. Оваа компанија е во сопственост на Владимир Пандев. Другата фирма за курирски и останати поштенски услуги во 2018 година остварила приход од 479. 300 евра и профит од 3.400 евра. Сопственик е Татјана Деспотовска. И оваа компанија бележи пад на приходите и на добивката. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба