11 Декември, 2023
0.2472

КУПУВАЛЕ И ЗСФ НА ФАТМИР ЕТЕМИ, АМА КУПУВАЛЕ И „СОВРЕМЕН ДОМ“ - повторно изедначени во газдинството на „Скопски пазар“, имаат по 37,86 отсто

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Компанијата ЗСФ на градежникот Фатмир Етеми ја засилува својата позиција во „Скопски пазар“, а истото тоа се случува и со другиот акционер во компанијата, „Совемен дом“ од Прилеп.

За тоа извести самата компанија преку Македонската берза за хартии од вредност, информирајќи ја на тој начин инвеститорската јавност за промените во сопственичката структура.

Ако до скоро ЗСФ на Етеми располагаше со малку помал процент, сега неговиот процент на сопственост изнесува 38,76 проценти, откако тој докупил уште 30 обични акции. Истото важи и за прилепчаните, кои истп така докупувајќи 30 акции, достигнале до 38,76 проценти од капиталот на компанијата.

Со тоа овие двајца акционери се изедначи, што значи дека ни едниот пошушта, ниту другиот, но како и да е, откако се тие газди, компанијата работи успешно и го враќа сјајот во своето деловно работење. 

Заено имаат 77,52 отсто од акциите на компанијата.

Согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, известуваме дека во изминатиот период акционерот ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје се стекна со дополнителни 30 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.497 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,76 отсто учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје. Истовремено известува дека акционерот Современ дом АД Прилеп се стекна со дополнителни 30 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.497 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,76 отсто учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје. Во моментов ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје и Современ дом АД Прилеп како акционери кои дејствуваат заеднички поседуваат вкупно 54.994 обични акции со право на глас или 77,52 отсто од вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје“, се вели во соопштението од компанијата испратено преку Македонската берза.

Фактор неодамна објави дека оваа година дефинитивно нема да има дивиденда за акционерите на „Скопски пазар“. Таа одлука вчера ја потврди и Собранието на акционери на оваа наша домашна компанија.

Акционерското друштво „Скопски пазар“ објави како ќе ја распределува ланската добивка на износ од 1,7 милиони евра, и притоа дивиденда не се споменува, туку дека целиот овој профит ќе заврши во инвестициски вложувања. Тоа е Одлука донесена на редовното годишно Собрание на акционери, кое се одржало во текот на вчерашниот ден, а за кое компанијата извести преку Македонската берза.

Натаму, како што се додава во оваа објава до инвеститорската јавност, неискористените средства од добивката од 2021 година, а кои биле наменети за инвестициски вложувања и биле на сума од близу 750 илјади евра, ќе се прераспределат во акумулирана добивка.

Од компанијата во Образложението наведуваат дека парите што ќе се распределат во инвестициски вложувања за оваа година од ланската добивка, ќе служат за развојни цели, односно вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста.

Инаку, политиката дека нема да се дели дивиденда Скопски пазар ја најави и во својот план за 2023 година, каде отворено беше кажано дека дивидената ќе почека една петолетка, а прво треба да се расчистат долгорочни, наследени кредити, и да се инвестира во компанијата, со цел да се подобри нејзината конкурентност.

Ова друштво, кое управува со 12 зелени пазари и 2.700 тезги, во објавените неодамна планови за оваа година, најави изградба на нов деловен комплекс со покриен пазар во скопско Драчево, на локација на постоечкиот пазар. Паралелно со ова компанијата ќе ги модернизира пазарите и деловниот простор низ Скопје со утврдена динамика. Во финансискиот план на друштвото за 2023 година е наведено дека приоритет и понатаму ќе се дава на враќање на наследени долгорочни кредити и на инвестициите. Заради тоа во овој момент друштвото не гледа предуслови за поделба на дивиденда на среден рок односно за пет години до сега.

Инаку, во март годинава Фактор објави информација дека германскиот синџир маркети, Лидл, кој ќе работи во земјава, ја купил локацијата на „Бриколаж“ од „Скопски пазар.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ БЕСИМИ: Буџетот за идната година не е предизборен, со него ќе ја доведеме економијата во „мирни води“, а потоа и ќе го забрзаме растот

ИНТЕРВЈУ БЕСИМИ: Буџетот за идната година не е предизборен, со него ќе ја доведеме економијата во „мирни води“, а потоа и ќе го забрзаме растот

Кој „ископа“ џек пот во РЕК Битола? Ќе наплати 97 милиони евра од тендери во 2 години!

Кој „ископа“ џек пот во РЕК Битола? Ќе наплати 97 милиони евра од тендери во 2 години!

Легализацијата на дивоградбите продолжува, но за многу поскапо

Легализацијата на дивоградбите продолжува, но за многу поскапо

ОСТРАТА ЗИМА ГИ НАМАЛИ ЗАЛИХИТЕ: Еве колку гас троши Европа

ОСТРАТА ЗИМА ГИ НАМАЛИ ЗАЛИХИТЕ: Еве колку гас троши Европа

НАЈВЕЛИКОДУШНИОТ БРИТАНЕЦ, СЕПАК, МИСЛЕЛ И НА СЕБЕ - си исплатил повеќе од еден милион фунти за секој работен ден

НАЈВЕЛИКОДУШНИОТ БРИТАНЕЦ, СЕПАК, МИСЛЕЛ И НА СЕБЕ - си исплатил повеќе од еден милион фунти за секој работен ден

Chinadaily: Експертите велат дека податоците од услугите го потврдуваат закрепнувањето

Chinadaily: Експертите велат дека податоците од услугите го потврдуваат закрепнувањето

ИСПЛАТАТА ЌЕ ПОЧНЕ ОВОЈ МЕСЕЦ - еве кој сѐ ќе земе пари од владината помош, законот усвоен и пратен на усвојување по скратена постапка

ИСПЛАТАТА ЌЕ ПОЧНЕ ОВОЈ МЕСЕЦ - еве кој сѐ ќе земе пари од владината помош, законот усвоен и пратен на усвојување по скратена постапка

БРУТО ПЛАТА ОД ИЛЈАДА ЕВРА - странците во зоните сѐ подобро ги плаќаат нашите работници

БРУТО ПЛАТА ОД ИЛЈАДА ЕВРА - странците во зоните сѐ подобро ги плаќаат нашите работници

НА ПАЗАРОТ НИКОГАШ ДОСЕГА НЕ ВЛАДЕЕЛА ТАКВА БИТКА ЗА СЕКОЈ РАБОТНИК КАКО СЕГА - еве што кажа хрватската директорка на Здружението на работодавачи

НА ПАЗАРОТ НИКОГАШ ДОСЕГА НЕ ВЛАДЕЕЛА ТАКВА БИТКА ЗА СЕКОЈ РАБОТНИК КАКО СЕГА - еве што кажа хрватската директорка на Здружението на работодавачи