„КУПУВАЈТЕ ЗЛАТО И НАФТА ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ИНВЕСТИЦИИТЕ ОД РИЗИК“: Голдман Сакс со вакви совети
Објавено во: Економија 30 Мај, 2025 09:20
Њујоршката банкарска корпорација „Голдман Сакс“ денес ги
повика инвеститорите да вклучат злато и нафта во своите долгорочни портфолија
за да ги ублажат ризиците за нивниот капитал.
Во време кога традиционалната стратегија за распределба на средства 60/40 (акции/обврзници) трпи сериозни удари, аналитичарите на банката веруваат дека златото и нафтата се во состојба да им обезбедат на инвеститорите позитивни реални приноси, објавува „Блумберг“.
Голдман Сакс особено ја нагласува улогата на златото како „безбедно засолниште“ во сценарија кога пазарот почнува да се сомнева во кредибилитетот на американските институции, вклучувајќи ја и американската централна банка, ФЕД.
Ваквите околности, во комбинација со загриженоста за растот на јавниот долг на Соединетите Американски Држави, би можеле да предизвикаат нагло зголемување на побарувачката и цените на златото, се додава во извештајот.
Според основната прогноза на „Голдман Сакс“, цената на златото би можела да достигне 3.700 долари за унца до крајот на 2025 година, додека очекуваната вредност за средината на 2026 година е поставена на 4.000 долари.
Аналитичарите, сепак, предупредуваат дека евентуалното „бегство“ на приватни инвеститори од американските обврзници би можело да предизвика значително поголем скок на златото отколку што е наведено во основното сценарио.
„Голдман“ вели дека инвеститорите кои се насочени кон просечен годишен принос од 8,7 проценти можат да го намалат вкупниот ризик од портфолиото од 10 проценти на помалку од седум проценти со инвестирање во злато и нафта, додава агенцијата Њујорк.
Можеби ќе ве интересира
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




