18 Декември, 2025
0.2592

„КУПИ ДЕН ПОМИНИ“ СО АД ВОДОСТОПАНСТВО: Нов спас од Владата со 1,5 милиони евра, ама до кога?

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2022 07:35

Добивај вести на Viber

Нов свеж капитал за спас на АД Водостопанство на Македонија. Државното акционерско друштво ќе издаде хартии од вредност по пат на приватна понуда. Третата емисија веќе ја одобри Комисијата за хартии од вредност, а според проспектот ќе бидат издадени 93.000 обични акции во вкупна вредност од 93 милиони денари или 1,5 милиони евра.

„Со третата емисија на обични акции, АД „Водостопанство на Република Северна Македонија" во државна сопственост, врши зголемување на основната главнина со трансформирање на заем даден од страна на единствениот акционер на Друштвото во влог, во согласност со Законот за трговските друштва и Законот за хартии од вредност и подзаконските прописи. Зголемувањето на основната главнина со издавање на нови обични акции е заради создавање услови за непречено функционирање на друштвото. Емисијата е наменета за познат купувач – единствениот акционер на Друштвото - Влада на Република Северна Македонија, стои во известувањето на Комисијата за хартии од вредност.

АД Водостопанство е едно од акционерските друштва во државна сосптвеност за кое во неколку наврати имаше владина поддршка и пари за спас. Во текот на изминативе две години друштвото се соочува со неможност да ги сервисира обврските, па дури и да подели плати за вработените. На почетокот на декември лани Владата на седница донесе одлука за прераспеделба на буџетски средства за да им се помогне на повеќе јавни претпријатија межу кои беше и „Водстопанство“.

Подоцна тој месец биле исплатени пари на неколку јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост

„Фактор“ веќе објави дека АД „Водостопанство“, претпријатието за наводнување и одводнување, добило 100 милиони денари, а претходно на крајот на 2020 година за ова друштво беа исплатени 600.000 евра

Од друга страна во август лани беше обелоденето дека Владата подготвува пакет помош од 200 милиони денари за акционерското друштво во државна сопственост, а тоа веќе било разгледувано на последната владина седница  АД „Водостопанство“ поради проблемите со кои се соочува веќе побарало државна помош. И самиот премиер Зоран Заев рече дека парите ќе се префрлат до крајот на годината.

Загубата од 28 милиони денари на крајот од 2020 ја прикажува реалната состојба на „Водостопанство“. Еднаш веќе доби 600.000 евра од Владата на крајот од минатата година за полесно справување со последиците од пандемијата. Во 2019 претпријатието добило бескаматна позајмица од 1,5 милиони евра од Министерството за финансии, која до крајот на минатата година не е вратена иако рокот истекол.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа