КУЌА НА МОРЕ ЗА 100.000 ЕВРА ЈА НАПРАВИ ЦРНА ГОРА ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА КУПУВАЊЕ НЕДВИЖЕН ИМОТ: Експертот Мекмахон кажа кои се и другите топ локации
Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2023 19:04
Ако некогаш сте
сонувале да купите прифатлива куќа во странство и да се преселите таму за да го
живеете иселеничкиот живот, 2023 година е одлично време да купите евтин имот
ширум светот, оценува Ронан Мекмахон, меѓународен експерт за недвижнини.
Црна Гора се најде на листата на најповолни дестинации за купување недвижен имот
- Има се поголем недостиг од квалитетни недвижности на многу атрактивни локации - но во меѓувреме побарувачката расте, рече Мекмахон во интервју за Форбс.
- Сè уште можеме да купуваме со голем попуст во споредба со споредливи дестинации и недвижен имот во САД - но тој прозорец наскоро ќе се затвори, додаде тој.
На врвот на неговата листа на најповолни дестинации за купување недвижен имот е Црна Гора, пренесува „Инвеститор“.
- Во раните 2000-ти, купувачите на недвижнини се собраа во Хрватска, искористувајќи ги можностите во Дубровник и Сплит. Денеска, можноста во Хрватска помина. Цените на недвижностите се приближија до другите медитерански дестинации. Сепак, работите се поинакви на јужниот далматински брег.
„Црна Гора е убава како Хрватска, но бидејќи сè уште не влезе во Европската унија, не напредуваше како Хрватска, цените на недвижностите сè уште се релативно ниски“, рече тој.
Во Хрватска кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите се купуваше стан со поглед на море за 100.000 евра.
- Денеска треба да одвоите многукратно повеќе. И покрај тоа, во Црна Гора куќи со поглед на најубавиот залив сè уште може да се купат за 100.000 евра, вели Мекмахон.
„Црна Гора е идеална земја за инвестирање во недвижности“
Мекмахон во моментов ја гледа Црна Гора како идеална земја за инвестирање во недвижности.
- Цената на земјиштето за развој околу Бока Которска се уште е исклучително ниска според меѓународните стандарди. Неверојатни се информациите за цената од само 80 до 100 евра за квадрат земја со прекрасен поглед, на 15 минути возење од Котор.
Рохан даде и еден инсајдерски совет:
„Гласините велат дека Црна Гора ќе се приклучи на Европската унија до 2025 година - што претставува интересна можност за инвестирање. Ако Црна Гора влезе во ЕУ, може да видите голема вредност на вашиот недвижен имот, вели Мекмахон. „Верувам дека имате можност тројно или повеќе да ги зголемите вашите пари за пет до десет години“, истакнува тој.
Списокот на поволни дестинации на Рохан за купување недвижен имот ги вклучува, по Црна Гора, Сребрениот брег во Португалија, Јужната зона на Костарика, Коста дел Сол во Шпанија и Лос Кабос во Мексико.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




