КРУШЕВО И БЕРОВО: Две оази со чист воздух, бега ли таму народот за викенд?
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2018 16:11
Берово и Крушево се две палнински гратчиња каде има чист воздух, за разлика од Скопје, Тетово, Куманово, Битола, па и Струмица кои се екстремно загадени.
Со 1.350 метри надморска височина, Крушево претставува највисокиот град на Балканот, додека Берово е на 986 метри надморска височина во Малешевијата. Жителите на овие две гратчиња велат дека немаат индустрија, нема фабрики, нема работа, ама чист воздух има. Градовите се мали, така што секаде може да се отиде пеш.
„Крушево отсекогаш имало чист воздух и никогаш немало загадувачи. По 30 јануари има два - три дена со магла, но тоа е многу кратко. Сите постари луѓе кои заминале од овде поради егзистенција, а куќите не ги продале, се враќаат, седат по 10- 15 дена колку да ги наполнат батериите. Ние постарите сме врзани за Крушево, можеби заради годините. И младите доаѓаат за викенди како туристи. Петок, сабота, недела има гости од други места“, вели крушевчанка која издава вила за туристи.
Жаклина Реџовска, екологист од Берово вели дека во однос на Скопје, Берово има многу почист воздух, но сепак не е како порано.
„Сега во Берово има парно во многу домаќинства, луѓето не внимаваат, горат и гуми, јаглен, така што не е како порано. Но, во излетничките населби во Берово воздухот е чист. Луѓето се иселуваат и ретко се случува некој од постарите да се врати овде дури и да има куќа“, вели Реџовска.
Мирјана Дудуковска, веќе 8 години живее во Берово, откако се пензионирала. Вели дека забележува голема разлика меѓу воздухот во Скопје и Берово.
„Визуелно таа разлика ја забележувам, затоа што кога ќе дојдам во Скопје се гушам, а во Берово штом се вратам одам пеш за да ги испразнам белите дробови и да дишам чист воздух. Берово има зеленило, шума, нема индустрија, нема толку згради“, смета Дудуковска.
Додава дека младите го напуштаат градот, и единствено греењето на дрва може да придонесе за некоја мала загаденост на воздухот, која е незначителна во однос на она што го има во другите градови.
Во одредени скопски населби деновиве се измерени над 500 ПМ 10 честички на 100 микограми воздух, што е поразително.
Скопје со денови е во топ 10 најзагадени градови во светот.
Состојбата беше подобра синоќа, најверојатно поради ветерот, по што Скопје се симна од „црната листа“ и беше 49-ти најзагаден град во светот.Сања Атанасовска
фото Википедија
Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




