18 Април, 2024
0.0270

Крстаноска: Младите не се чувствуваат безбедно на интернет

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Хакирани профили, злоупотребени слики од социјални мрежи и објава на лични податоци. Ова се само дел од поединечните закани за корисниците на интернет, во време кога се зголемуваат и сајбер нападите на фирми и организации, а се пробиваат огромни бази со чувствителни податоци. Младите меѓу кои и студентите, иако се технолошки најподготвени за сајбер предизвиците не се чувствуваат безбедни на интернет. 

Над 60% од младите на возраст од 18 до 23% не се чувствуваат безбедни додека користат интернет алатки. Тоа го покажа основното истражување на група студенти на ФИНКИ составена од Анастасија, Ѓорги, Димитар и Ана Марија. 

Подетално за резултатите од истражувањето разговаравме со Анастасија Крстаноска, дел од тимот студенти според кои повеќето од испитаниците се запознаени со терминот сајбер безбедност, но добар дел од корисниците не знаат како целосно да се заштитат и стравуваат дека може да бидат мета на хакерски напади или пробив на лични податоци.

Зошто младите и студентите се чувствуваат небезбедни при користење интернет, социјални мрежи и дигитални алатки?

Крстаноска: Мислам дека младите и студентите најмногу се чувствуваат небезбедни при користењето на интернетот, бидејќи тие се најмногу свесни за опасностите кои што се шират. Знаат дека нивните податоци и фотографии можат многу лесно и брзо да се најдат на најразлични сајтови. Секој ден сме бомбардирани со новости за сајбер напади врз светски компании, како и скандали за продавање на лични кориснички податоци од страна на компаниите кои управуваат со социјалните мрежи и онлајн алатки. Ова често резултира со скептични корисници на овие онлајн услуги и производи.

Како да се подобри степенот на едукација за сајбер безбедност, каде може корисниците да се информираат и потребен ли е централен хаб од каде постојано ќе се обновуваат информации за нови закани и предупредувања до корисниците и општата популација на интернет?

Крстаноска: На интернет има многу сајтови кои што секојдневно информираат од областа на сајбер безбедноста. Можеби веќе сте забележале но, и самите социјални мрежи препорачуваат двостепена авторска верификација, и многу други начини за да се заштитите од потенцијални напади.  Сепак, не е на одмет ако има повеќе сајтови кои известуваат за различи сајбер теми.

Како младите, но и воопшто сите да се заштитат на интернет, кои мерки треба да ги преземат и како треба да размислуваат за модерните закани?

Крстаноска: Приватноста на интернет е навистина важен проблем. Има голем број на небезбедни страници, и апликации кои несвесно ги инсталираме на нашите уреди, без да размислиме за последиците. Најчесто на тие помалку обезбедени апликации или страници се поврзуваме со кориснички сметки од нашите социјални мрежи и со самото тоа, им даваме лесен пристап до нашите податоци. Мислам дека младите треба да посветат повеќе внимание на безбедноста. 

Има повеќе начини да го направат тоа, на пример можат да користат потешки и покомплицирани лозинки, да не се најавуваат на јавни интернет мрежи, да не инсталираат непознати и сомнителни аплпикации, да не отвараат непознати линкови коишто можат лесно да ги препознаат дека се сомнителни само по нивната содржина. И една од најважните работи на сите апликаии и социјални мрежи да постават двостепена авторска верификација (бидејќи имаат битни приватни информации). Најголема слабост при сајбер нападите е самата неинформираност на луѓето, па така што побрзо ги научат барем дел од начините за напади мноу полесно ќе ги избегнат истите.

Дали вие размислувате да креирате алатки или апликации кои ќе ја подигнат сајбер безбедноста и која би ви била примарна или целна група, и дали ќе продолжите да истражувате во оваа област?

Крстаноска: Сметаме дека има повеќе од доволно алатки/апликации/медиуми и разни други извори кои информираат во детали за оваа област. Ние нема да застанеме тука и ќе продолжиме со нашите истражувања и сметаме дека што порано, повеќе и подостапни станат ваквите истражувања, тоа подобро за сите нас. Најголемо внимание и труд треба да се вложи во ширење на свеста за сите можни последици, секој пат кога ќе одлучиме да заштедиме една минута за преземање на екстра чекор за безбедност (кој може да не чини многу во иднина).

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари