09 Мај, 2024
0.0246

„Кромберг и Шуберт“ во Битола работи со минимален капацитет, повеќето работници пуштени дома

Објавено во: Економија 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Странскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ во Битола во наредниот период ќе работи со минимален капацитет поради новонастанатата ситуација со корона вирусот. Поголемиот дел од работниците се пуштени дома и тие во моментов ги користат преостанатите денови од одморот.

Им било кажано дека така најверојатно ќе биде во текот на овој и следниот месец. Дополнително, од управата ќе бидат известени како и колку ќе бидат исплатени додека се принудно дома. Неофицијално, се преговара со Владата вонредно таа да им исплаќа 70 отсто од платите на работниците додека се стабилизира состојбата.

Во моментов во „Кромберг и Шуберт“ се работи на три проекти кои се погодени од рестриктивната политика на големите автомобилски произведувачи, а најзасегнат е оној кој работи со „Дајмлер“.  Побарувачката од  капацитетот во Битола од европските центри е сведена на минимум и се очекува во наредниот период ситуацијата да биде уште потешка.

- Во моментов се работи само со одреден број на луѓе, повеќе не можеме да ви кажеме во моментов, рекоа од одделението за човечки ресурси на прашањето на „Фактор“ колкумина работници се испратени дома.

„Дајмлер“, матична компанија на луксузниот бренд „мерцедес-бенц“, го затвора „мнозинството“ од своето производство во Европа. Со тоа, Дајмлер станува последниот производител на автомобили што ги прекина работењето во Европа.  

Форд веќе  ги затвора своите главни производствени капацитети во Европа, а Фолксваген планира да го запре производството во сите свои фабрики во Европа во наредните недели, вклучувајќи ги и фабриките Ламборџини и Дукати.  Речиси целата автомобилска индустрија во Европа  се затвора, а превентивни мерки донесоа и Фиат, Рено и Пежо.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?