28 Април, 2024
0.0265

Кроациа Осигурување – Живот прва финансиска институција во Р. Македонија со стекнат сертификат ISO 10002:2014

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во насока на континуираното унапредување и креирање на задоволство кај своите корисници, водечката компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот воведе систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки, согласно стандардот ISO 10002:2014.

Воспоставувањето на сертифициран систем за компанијата претставува стратешка определба со цел да понуди стандардизирана услуга за своите корисници.  Имплементацијата на овој стандард има за цел да обезбеди зголемување на квалитетот на услугите, анализа и обезбедување постојана контрола на услугата и подобрување на односите со клиентите.

Постојано се стремиме да ги утврдиме и исполниме потребите и барањата на нашите корисници, со цел постигнување на нивно задоволство во секој сегмент од работењетовелат од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје.

Сертификатот одобрен од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance подразбира следење на задоволството на корисниците. Во текот на траењето на сертификатот се спроведуваат континуирани контроли за примената на системот согласно утврдениот стандард.

Компанијата истовремено е предводник на финансискиот пазар и во имплементацијата на стандардот за управување со квалитет, издвојувајќи се како единствена финансиска институција во Р. Македонија која е ISO сертифицирана согласно стандардот ISO 9001:2015.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг