03 Мај, 2024
0.0254

Криза ќе биде и за државните регулатори, во 2021 со помалку пари

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Државните регулаторни тела во Македонија за работењето во 2021 планираат многу помалку приходи, односно многу помали буџети, најмногу поради падот во работењето на приватните оператори од каде што се финансираат.

Регулаторна комисија за енергетика во 2021 ќе има седум милиони денари помалку во однос на планираното за 2020. Најголемиот приход - оној од наплата на годишен надоместок од носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и странските друштва е програмиран во износ од 57.756.522 денари.

„Планираниот приход на друштвата што вршат енергетска дејност и давателите на водни услуги за 2020 година е пресметан врз основа на остварениот приход на овие друштва во 2019 година, со предвидување за негово намалување за 8 отсто заради економската криза што е последица на пандемијата, и изнесува 135.140.518.599 денари“, велат од РКЕ.

Предложениот процент на зафаќање од овој регулатор за оваа година е 0,0441 отсто и е за 4,13% помал во однос на процентот на зафаќање од лани. Инаку законски утврдениот максимум е до 0,1 проценти.

Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе има буџет од 184.600.000 денари, или помал за 16,5 милиони денари. Поради катастрофалната ситуација во воздухопловството, најголемите приходи, оние што следуваат како надоместок од  услуги во навигацијата се проектирани од 170 милиони во 2020, на 150 милиони денари за 2021, но сепак во зависност од сценариото.

„Пандемијата Covid 19 што  го зафати целиот Европски регион па и пошироко во  2020  година  имаше  директен  и  катастрофален удар  врз  воздушниот  сообраќај  и  воздухопловството во целина а со тоа и врз финансиското работење на Агенцијата за  цивилно воздухопловство.Со оглед на нејзиното очекувано продолжено присуство и во  2021  година  Агенцијата  за  цивилно  воздухопловство и  во 2021 година ќе се бори за одржување на финансиската стабилност во ново настанатите  услови со цел намалување на негативните последици и влијанија врз остварување на  целите и предметот на нејзиното функционирање. 

Од таму велат дека единичната  цена на прелети во 2021 година е определена на ниво на 50,87 евра или 13,1 отсто пораст во однос на 2019 година. 

„Намалувањето  приходите  се  согласно  негативните  ефекти  на пандемијата  Covid  19  од март  2020  година  и  падот  на  нивото  на  воздушниот  сообраќај  согласно  податоците  и  прогноза    за  нивото  на  сообраќајот  од  меѓународните  институции  од  областа  на  воздухопловството.Утврдените приходи се согласно постапката на утвдување на единечната цена на прелети  во соработка со Eurocontrol Брисел“, тврдат од АЦВ.

Во проекцијата на вкупните приходи на Агенцијата за електронски комуникации за 2021 година се планирани приходи во вкупен износ од 566.750.000 денари, што се за 40,56 отсто помалку во однос на планираните вкупни приходи за 2020 година. Регулаторот на телекомуникациските оператори сепак за користењето на радиофреквенциите ќе наплати многу повеќе - 460 милиони денари или околу 50 милиони повеќе за една година.

Но и покрај тоа во годишниот буџет на АЕК не се предвидени големите финансиски залихи од минатите години и затоа ќе има големи намалувања во трошењето за капитални инвестиции, опрема, донации, надоместоци за вработени и за интелектуални услуги.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен