KРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СКОПЈАНЕЦОТ ШТО ГО ЗАПАЛИ СТАНОТ ВО ХРОМ: Сакал да го прикрие убиството на 35-годишниот човек кој го убил во станот што изгоре
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2023 07:36
МВР поднесе кривични пријави
против две лица од Скопје за "убиство" и "тешки дела против
општата сигурност", на кој им е
одреден и притвор.
Во соопштението
наведуваат дека од страна на СВР Скопје - Единица за насилен криминал -
Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје поднесена е кривична
пријава по брза постапка, против А.Д.(39) од Скопје, поради сомнение за сторени
две кривични дела и тоа "Убиство" по чл.123 и "Тешки дела против
општата сигурност" по чл.292 в.в чл.288 од Кривичниот законик и против
И.Ц.(58) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело "Тешки дела
против општата сигурност" по чл.292 в.в чл 288, а во в.в чл.22 од Кривичниот
законик.
-Имено, на 22.09.2023 во временскиот период од 06.40 часот до 09.30 часот, по
пријавен пожар во стан на ул."Исаија Мажовски" во Скопје, И.Ј.(35) од
Скопје беше пронајден починат, со насилна смрт, како последица на убоди од
остар предмет, а од страна на полициски службеници беше констатирано дека
пожарот бил намерно предизвикан, со цел прикривање на трагите од извршеното
кривично дело. Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти
преземаа бројни оперативни мерки и истражни дејствија со цел утврдување на
идентитетот на сторителите на наведените кривични дела и на 29.09.2023 бил
извршен претрес во дом во кој престојувал А.Д., кој не бил пронајден во домот и
за него е распишан Централен распис за потрага, а лишена од слобода е И.Ц.. Од
страна на Судија на претходна постапка на второпријавената И.Ц. ѝ е определена
мерка притвор во траење од 30 дена, наведува МВР.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




