Кривична и за лицето што фрлаше со „молотови коктели“
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2022 18:25
Кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело против лицето што фрлаше со „молотови коктели“.
Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик.
„Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието на РСМ“, велат од МВР.
По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




