07 Мај, 2024
0.0190

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО КОНЕЧНО ОТКРИ КОГА И ДАЛИ ЌЕ ЗАМИНЕ ВО ПЕНЗИЈА: Дали Ал Наср ќе биде крај на неговата кариера?

Објавено во: Спорт 27 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Триесет и осум годишниот Кристијано Роналдо не планира да се пензионира во блиска иднина и покрај многубројните шпекулации дека Ал Наср е крајот на неговата кариера.

Португалскиот напаѓач се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Во својата неверојатна кариера, тој играше за врвни тимови како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Спортинг Лисабон.

За Khaleej Times, Роналдо откри дека е подготвен да продолжи да игра се додека му дозволуваат нозете, а со тоа ги демантираше гласините за неговото претстојно пензионирање од спортот кога ќе му истече актуелниот договор со Ал-Наср.