12 Мај, 2024
0.0225

Кристијано: Фудбалот е мојата страст, но треба да се размислува за иднината

Објавено во: Спорт 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо го отвори својот втор хотел и вели дека фудбалот е неговата страст, но треба да се размислува и за иднината.

- Животот не е само фудбал. Да, фудбалот е мојата страст, но треба да се размислува и за иднината, прокоментира Роналдо.

- Мојот живот е поврзан со Лисабон, каде поминав седум години. Затоа не можев да ја пропуштам можноста да отворам хотел во овој град, додаде ѕвездата на Реал Мадрид.

За време на отворањето на хотелот во португалската престолнина Кристијано беше придружуван од неговата мајка Долорес Авеиро и од својот син Роналдо Џуниор.