14 Декември, 2025
0.0946

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2025 17:10

Добивај вести на Viber

Канадскиот милијардер Крис Павловски, инаку пријател на најбогатиот човек на светот Илон Маск и соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, со својата компанија „Рамбл“ основа истоимена фирма со почетен капитал во Скопје.

Од вчера во Македонија е основана „Румбле Клауд Дооел Скопје“ со адреса во зградата на Порта Инженеринг на булеварот Партизански одреди во Дебар Маало. Основач сопственик е „Рамбл Клауд“ од САД, компанија која вреди повеќе од две милијарди долари. Директори се Крис Павловски и Брендон Александроф од Торонто, а официјалната дејност е „компјутерска инфраструктура, обработка на податоци, серверски услуги и сродни дејности“.

Павловски е основач на платформата Rumble, која е дизајнирана како алтернатива на YouTube.  Неодамна, Павловски стана милијардер благодарение на инвестицијата од 775 милиони долари од крипто гигантот Tether. Форбс проценува дека тој сега „вреди“ околу 1,3 милијарди долари. Рамбл, платформа за дигитални содржини, е дел од мрежа со значајни акционери, како што се Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс, потпретседател на САД.

Rumble соработува со социјалната мрежа „X“ на Маск, а демократите во САД често го критикуваат Павловски дека со својата платформа им служи на милијардерите од редовите на републиканците за дозбогатување. Изминатата недела Белата куќа му ја препушти честа на Павловски, инаку чест критичар на „Гугл“ и на УСАИД, да отвори една од прес-конференциите во знак на благодарност дека „не дозволил Трамп во изминатиот период целосно да биде цензуриран“.

– Крис Павловски ја основаше платформата за споделување видеа Рамбл во 2013 година, со цел да го заштити отворениот и слободен интернет од цензурата на големите технолошки компании и владите низ светот, соопшти тогаш Белата куќа.

Минатиот месец премиерот Христијан Мицкоски за време на инаугурацијата на Трамп објави дека Павловски изразил интерес за проекти насочени кон развојот на дигиталната инфраструктура во Македонија, што како што рече тој, може да донесе значајни економски придобивки.

„Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата. Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е секогаш дел од нашите разговори“, соопшти тогаш Мицкоски.

Мицкоски претходно најави дека соработници на Трамп сакаат да соработуваат со земјава и се разговара за можни проекти во дигиталната трансформација како приоритет.

„Станува збор за корпорации со десетици милијарди долари годишен обрт. Крис Павловски е со македонско потекло, тој работи заедно со тимот на господинот Трамп во делот на развивање на Rumble која е многу важна во процесот на дигитализација, а луѓето кои беа тука господинот Хауард и господинот Нунес се двајца кои се од кругот на најблиските соработници на екс претседателот на САД, Доналд Трамп и тоа се луѓе со големо корпоративно и политичко искуство во делот на дигитална трансформација“, рече премиерот Мицкоски говорејќи за денешната средба со претставници на компанијата Rumble, финансиската корпорација Cantor Fitzgerald од САД и Трамп корпорација“, рече Мицкоски минатата година.

Споредпремиерот, ако овој тип на инвеститори ги имаме тука со инвестиција, ќе значи препорака за многу компании, бидејќи истите соработуваат со финансиски инвестиции со трилиони.

Директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, неодамна беше во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025 за да ја претстави работата на компанија која котира на индексот Насдак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите. Како водечки претприемач со македонско потекло, како што беше соопштено тогаш,Павловски изнел мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји