26 Април, 2024
0.0443

КРЕШНИК БЕКТЕШИ: Изјавата на Зекирија Ибраими е несериозна, ДУИ им нуди на граѓаните програма, а не дека наши функционери ќе станат директори

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за економија и член на ДУИ Крешник Бектеши денеска рече дека изјавата на Зекирија Ибраими од Алтернатива, кој кажа дека нема да ја поддржат Беса, и дека ако во Скопје победи независната кандидатка Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се договори со Алтернатива директор на ЈП „Комунална хигиена“ да биде нивни член, рече дека станува збор за несериозна изјава.

„ДУИ пред изборите на 17 октомври пред граѓаните излезе со програма, односно ние на граѓаните не им нудиме директорски места, туку програма, односно не дали некој функционер на ДУИ ќе биде директор на некое јавно претпријатие. Станува збор за несериозна изјкава на Зекирија на Ибраими, што всушност веќе го препознаваат граѓаните. Осдносно, за советничките листи во Скопје ДУИ освои 26 гласа, наспроти 11.000 колку што освоија тие, така што разликата е три спрема едерн“, рече Бектеши. 

А, како што пишуваше Фактор, ЈП Комунална хигиена во 2020 остварил вкупни средства од нешто помалку од 22 милиони евра. 

Финансиите се поголеми за 75 милиони денари споредено со 2019. Град Скопје исплатил поддршка од 68 милиони денари, а Владата 21 милион денари кон ова претпријатие минатата година. Поголемиот дел од финансиите, околу 11 милиони евра, се од сметките кои домаќинствата му ги плаќаат на ЈП Водовод и канализација, но околу 7,2 милиони евра се наплатени од стопанството за подигањето смет. На претпријатието со приходи од Град Скопје му биле дадени и специјални комунални возила од 500.000 евра. Добивката пред оданочување на крај била 75 милиони денари, или останале непотрошени 1,25 милиони евра. 

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите