29 Април, 2024
0.0259

Креирање на партнерства за промовирање на социјалната инклузија и подобри услуги за лицата со попреченост

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Работилницата „Подобрување на услугите за лицата со попреченост“, организирана од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), има за цел да обезбеди поддршка за подобра достапност и покавалитетни социјални услуги

Над 100 меѓународни и домашни експерти, практичари и лица со попреченост присуствуваа на дводневната работилница во Охрид. Целта на настанот е размена на искуства и практики како и идентификување на нови можности и услуги што ќе им помогнат на лицата со попреченост да живеат понезависен и поквалитетен живот во заедницата.

„Лицата со попреченост имаат право на независен живот, право на активен живот во заедницата и право да заработуваат за живот“ –истакна Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. 

„Задача на општеството е да обезбеди вистински услови и соодветна поддршка. УНДП и целиот систем на Обединетите нации во земјата ги поддржуваат локалните и националните партнери во подобрување на достапноста на јавните објекти и услуги, создавање на сервиси за поддршка потребни во процесот на деинституцијализација, како и надминување на дискриминацијата и предрасудите кои претставуваат поголема пречка од која било попреченост.“

СтефанТомаџан, Заменик шеф на мисија во Амбасадата на Швајцарија ја потенцираше потребата за поддршка на социјалната инклузија за лицата со попреченост: „Ние сме посветени да обезбедиме посилна поддршка за најранливите категории во општеството кои се соочуваат со социјална, економска и политичка исклученост. Лицата со попреченост се помеѓу најисклучените групи во општеството. Партнерството помеѓу различните институции е многу важно бидејќи социјалната инклузија не е обврска само на едно министерство, и не само на институциите на централно ниво, туку интеринституцијална тема со граѓанските организации активни во оваа област, како и со бизнис секторот како генератор на работни места е од особена важност. “

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, ја потенцираше потребата за еднаков пристап во јавните сервиси на лицата со попреченост: „Сите граѓани имаат право на воедначени јавни услуги. Институциите постојат за да ги обезбедат тие услови. Сегашната јасно изразена огромна разлика во капацитетите на општините не гарантира еднаков пристап на граѓаните кон образование, здравство, инфраструктура или административни услуги. Нашите сограѓани со посебни потреби имаат потреба од еднакви можности за пристап до јавните услуги. Ниту повеќе ниту помалку, туку еднакво како и сите други.”

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ја истакна важноста од процесот на деинституцијализацијата: „Во моментот има 10 национални институции кои се грижат за голем број на деца, старилица и лица сопопреченост. Но, со цел подобрување на животите на овие лица, важно е да се напуштат старите методи и да се прифатат нови, модерни начини како насоки за независен живот. И затоа, една од целите на Владата е токму фокусот на процесот на деинституцијализација. Транформацијата на инстуциите нема да биде лесен процес и мора да биде усогласен со професионалната рехабилитација на лицата со попреченост. Државата може да има само бенефит од нивното вклучување на пазарот на трудот.“

На настанот беа презентирани и неколку успешни примери реализирани на локално ниво во Општина Ресен, Куманово и Карпош, како и од Вардарскиот плански регион. Исто така, на настанот беа претставени европски и скандинавски искуства кои успешно го поминале процесот на деинститунализацијата.

Можеби ќе ве интересира

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка