05 Мај, 2024
0.0252

КРАТЕЊА: Нема повеќе привилегии за странците

Објавено во: Финансии 31 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Австриската Влада деновиве  усвои  реформа на социјалниот систем во Австрија која пред сѐ предвидува намалување на повластиците за големите семејства и странците.

„Ние мора итно да донесеме мерки кои нашиот социјален систем ќе го направат поправеден и на начин повторно повеќе да се исплати да се работи отколку да се прима помош, а пред сѐ мора да го сопреме вселувањето во нашиот социјален систем“- изјави на прес-конференција австрискиот канцелар, Себастијан Курц. 

Така во иднина граѓаните на Европската Унија дури по пет години престој ќе стекнат право на социјална помош. Досега граѓаните на ЕУ имаа право на помош во случај нивните примања да не го достигнуваат основното финансиско ниво од 863 евра.

„Од 2012 година бројот на приматели на социјална помош се зголеми за 60 отсто. Особено е страшно ако анализираме како во Австрија се распоредени примателите на помошта: над 50 отсто живеат во Виена, а од тоа над 50 отсто се странски државјани“- рече Курц.

Од исплатата на основното финансиско ниво, при што во таа сума е вклучена и субвенција за кирија, 300 евра во иднина ќе бидат врзани со одредени услови кои австриските медиуми ги доживуваат како дискриминација на странците.

Услов за примање на тој дел од помошта е завршено австриско основно училиште или минимално познавање на германскиот јазик на ниво Б1 или англиски јазик на ниво Ц1. Овој услов се воведува и за оние кои веќе примаат социјална помош.

Австриската агенција АПА смета дека оваа мерка може да се коси со законите на ЕУ според кои поднесувачите на барање за азил имаат право на еднаква социјална помош како и остатокот од населението.

Намалување на средствата е предвидено и за семејствата со повеќе деца, при што помошта за првото дете останува на исто ниво како досега, но веќе за второто помошта драматично се намалува, што, според првичните реакции, во практика е насочено токму против многубројните доселенички семејства.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот