28 Април, 2024
0.0406

КРАЛОТ НА СЛАТКИТЕ УШТЕ ЕДНАШ ДОКАЖА: Еве колку е профитабилна продажбата на Нутела и Киндер

Објавено во: Финансии, Свет 12 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Италијанецот Џовани Фереро, сопственикот на познатата италијанска кондиторска компанија Фереро, правењето слатки го направи еден од најбогатите луѓе во светот. Тој и неговото семејство лани на акционерите им исплатиле 750 милиони евра како дивиденда. Но, тоа не е доволно за кралот на слатките

Се чини дека бизнисот со Нутела, Киндер јајца, чоколадо и други познати слатки во сопственост на италијанската компанија Фереро е многу профитабилен.

Минатата година, според истражувањето на германскиот портал Wirschaftswoche, сопственикот на кондиторскиот гигант на своите акционери им исплатил 750 милиони евра дивиденда, а од таа торта добил дури 55 отсто. Севкупно, на тој начин тој заработил повеќе од дивиденди отколку што некои компании од германската берза им исплатиле на сите свои акционери заедно. Истовремено, една година претходно, кога групацијата оствари вкупен промет од 15 милијарди долари, исплатена е уште поголема дивиденда - од 765 милиони евра.

Според моментално достапните податоци, не се знае колкав промет и профит имала оваа групација во 2023 година. Се очекува деловните резултати да бидат објавени во следните неколку недели.

Според Форбс, богатството на овој Италијанец, кој по смртта на неговиот брат во 2011 година го презеде раководството на кондиторскиот гигант, се проценува на 39,1 милијарди евра, што го прави 32-ри најбогат човек на светот.

И додека во портфолиото на матичната компанија Фереро се познати имиња како Рошер, Мон Шери, Ханута и Киндер, нивниот сопственик инвестира и во други кондиторски компании. Така, тој е сопственик на белгискиот производител на бисквити „Делакре“ и американскиот производител на гумени бонбони „Ферара“ (чие портфолио го вклучува и популарниот Троли). Во октомври тој објави дека го презема производителот на желе зрна Jelly Belly, а моментално преговара со Danone за купување на францускиот производител на бисквити Michel et Augustin.

Во 2018 година, Фереро го купи целиот кондиторски бизнис на Нестле во Америка. Неговиот најважен придонес за компанијата беше оддалечувањето на опсесивниот фокус од Nutella и брендовите за домаќинствата и барањето раст преку аквизиции, бидејќи му беше јасно дека Фереро нема да може да се справи со конкурентите како Марс и Монделез само со сопствено производство. .


Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот