06 Мај, 2024
0.0223

Кралицата Елизабета и министерката Тереза Меј -најмоќни Британки

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Британската кралица Елизабета, министерката за внатрешни работи Тереза Меј и извршниот директор на банката „Сантандер“, Ана Ботин, се избрани за трите најмоќни и највлијателни жени во Велика Британија. Ова го покажува анкетата која ја направи Радио 4, на Би-Би-Си на својата редовна женска програма. Откако од предложените 100 имиња беше направена селекција на 20 најмоќни, прва на листата е британската кралица која веќе 60 години е на троно. Претставник на комисијата која ја правеше листата изјави дека за сите три први жени на листата се смета дека тие имаат контрола врз политиката, имаат влијание или ги насочуваат идните чекори и потези таму каде се ангажирани. Овие критериуми во основа биле употребувани за да се измери моќта и влијанието на сите жени од политиката, светот на културата, судството и бизнисот, како и од јавниот живот во земјата. На високата петта позиција се најде Елизабет Мардок, ќерка на светскиот медиумски тајкун, која раководи со една рекламна и ПР фирма, како 13-та е прославената британска писателка Џ.К.Ролинг, по неа е Хариет Харман, заменик лидер на опозиционите лабуристи, а како 20-та е шкотскиот заменик прв министер Никола Старџен, која раководи со кампањата за независност на Шкотска. Подолу од листата на првите 20, се најдоа пејачката Адел, но и Клер Фоџис, жената која му ги пишува говорите на британскиот премиер Дејвид Камерон. Идната британска кралица, војводката од Кембриџ (Кетрин Мидлтон) не е овојпат на оваа листа, но истражувањето открило дека таа е силен потенцијален кандидат за влезот во една ваква листа