20 Април, 2024
0.0284

КОВИД КРИЗАТА НЕ ПОПУШТА - до септември остави без работа близу 15 илјади луѓе

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ковид кризата донесе нов раст на бројот на отпуштени граѓани од работа поради економските проблеми со кои се соочуваат компаниите.

Од 11 март кога всушност почна пандемијата во земјава, па се до крајот на септември, откази добиле вкупно 14.818 лица. Тоа го покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

„Во Агенцијата за вработување со состојба на  30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос евидентирани се 14.819 невработени лица, за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид 19“, се вели во објавата од Агенцијата за вработување.

Како што е познато, еден месец претходно, кон крајот на август годинава, бројот на останати граѓани без работа изнесуваше 12.580 граѓани.

Тоа значи дека за еден месец бројот на отпушени поради корона кризата се зголемил за 2.239 лица.

Како што е познато, бројот на отпуштањата се зголеми откако престанаа да важат мерките за помош на фирмите за плати на вработените.

Таква нова мерка е предвидена и во четвртиот владин сет за поддршка на стопанството, но се уште не се донесени законите со кои тоа ќе се овозможи, за месеците октомври, ноември и декември. 

Инаку, ако се погледнат податоците за тоа колку лица се евидентирани како невработени, на крајот на септември таа бројка изнесувала 151.359 лица. Тоа е за 6.600 повеќе во однос на крајот на август, односно од пред еден месец, кога како невработени биле евидентирани 144.759 невработени. Додека, пак, во однос на февруари, или за седум месеци колку што трае ковид кризата, борјот на невработени кои се евидентирани се зголемен за 45.543 лица, бидејќи на крајот на вториот месец од годинава тој изнесувал 105.816 лица.

Сепк, како што претходниот месец појаснија за Фактор од Агенцијата за вработување, ова не значи дека за седум месеци бројот на невработени е зголемен за над 45 илјади, бидејќи многумина ги напуштиле работните места и од други причини, а голем број потоа биле повторно вработени.

Една од причините е проектот младинска гаранција. Односно, за да влезат во овој прокет, голем број млади до 29 години, дури 17 илјади, се пријавиле како невработени во Агенцијата. Од овие 17 илјади млади луѓе, пет илјади веќе успеале да излезат од младинската гаранција, односно 4.500 се вработиле, а 500 се вклучиле во обуки.

Втората причина која довела до зголемување на бројот на новорегистрирсани невработени, според директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска, е новиот Закон за социјална заштита, според кој корисниците на социјална помош сега задолжително мораат да ги евидентираат сите членови на нивното семејство како невработени во Агенцијата за вработување, за да можат да ја добијат паричната социјална помош што им следува. Извесен број граѓани кои живееле во странство и се вратиле во земјава кога почна пандемијата со коронавирусот, исто така се пријавени како невработени во Агенцијата за вработување. Приливот на пријавени невработени беше зголемен и поради платежната картичка, за чие издавање постоеше услов граѓаните да се регистрирани во Агенцијата.

Значи, и покрај порастот на бројот на невработени за над 45 илјади лица, факт е дека поради корона кризата, работните места ги изгубиле 14.819 граѓани.

Инаку, како што говорат статистиките на АВРМ, според основот на престанок на работниот однос, 6.703 лица (45,2 отсто) се поради истек на определено време, 3.421 лица (23,1 отсто) се поради спогодбен престанок на работен однос, 1.785 лица (12 отсто) се поради отказ од страна на работникот, 1.060 лица (7,2 отсто) се поради отказ од работодавачот, 967 лица (6,5 отсто) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), 292 лица (2,0 отсто) се поради стечај – ликвидација, 121 лица (0,8 отсто) се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите470 лица (3,2 отсто) се поради други основи.

Според дејноста на работодавачот, 5.435 лица (36,7 отсто) се од преработувачката индустрија, 2.858 лица (19,3 отсто) се од дејноста трговија на големо и трговија на мало, 1.289 лица (8,7 отсто) се од  дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 912 лица (6,2 отсто) се од административни и помошни услужни дејности, 738 лица (5 отсто) се од дејноста градежништво, 650 лица (4,4 отсто) се од дејноста транспорт и складирање и останатите  се прилив на невработени лица од работен однос од други дејности. 

Според школска подготовка, 8.270 лица (55,8 отсто) се со завршено средно и непотполно средно образование, 3.792 лица (25,6 проценти) се  без образование и со основно образование, а 2.757 лица (18,6 отсто)  се со високо и вишо образование.

Според возраст на лицата, 46,7 отсто се на возраст од 30-49 години, 30,1 отсто се на возраст над 50 години, а 23,2 отсто се на возраст до 29 години.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има