Ковачки: Koвачевски е трајно неспособен и е дезертер од војска во 2001
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2022 11:28
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека македонскиот премиер Димитар Ковачевски дезертирал од Aрмијата на Република Македонија во 2001 година година прикажувајќи се како трајно неспособен.
„Му даваме 24 часа на македонскиот премиер да одговори на ова, а ако нема одговор ќе објавувме сѐ што имаме“, изјави денеска на конференција за медиумите Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Вели дека Ковачевски е човек дезертер кој не заслужува да ја води државата.
„Ако навистина е трајно неспособен, тогаш Ковачевски мора веднаш да се повлече од премиерската функција. Дали на чело на Владата имаме трајно неспособна личност или дезертер? Или е премиер токму затоа што е трајно неспособен за војска. Одговорност мора да има и за Ковачевски и за СДСМ“, рече Ковачки.
Партијата уште вчера најави дека денеска ќе објави скандал за премиерот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




