Ковачевски: Со евтината струја ќе се заштедат над 1.000 денари
Објавено во: Економија 01 Декември, 2023 13:51
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната сесија за пратенички прашања во Собранието рече дека домаќинствата со враќањето на ниската попладневна тарифа ќе заштедат над 1.000 денари месечно на сметките за електрична енергија.
„Стартува дневната ефтина тарифа, од 13 до 15 часот, со заштеди од над 1.000 денари месечно за секое семејство. Инвестицијата која се правеше во мојот мандат, овозможи сите граѓани да имаат бенефит . Тоа го овозможи инсталирањето на обновливи извори на енергија од 600 мегавати. Така една одговорна влада се грижи за граѓаните. Тоа овозможи да се ослободи евтина електрична енергија од два часа попладне.
Беше прекинато одреден период заради светската енергетска криза, иако уште ја субвенционираме цената на електричната енергија.
Среќен сум што граѓаните ќе имаат пониски сметки за електрична енергија“, рече Ковачевски
Евтината тарифа започна од денеска, додека новата цена на струјата за домаќинства и мали потрошувачи треба да се утврди на крајот на месецов.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




