Ковачевски се заблагодари на Макрон и го отфрли францускиот предлог
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2022 15:02
Премиерот Димитар Ковачевски го одби францускиот предлог, и постави пет дополнителни услови.
Ковачевски му се заблагодари на францускиот преттседател Емануел Макрон за ангажманот да се најде решение за спорот со Бугарија, но го одби неговиот предлог за започнување на преговорите ако не се уважат пет македонски услови, кажани и пред да замине во Брисел.
Тој побара чиста формулација за македонскиот јазик, гаранции за идентитетот, историските прашања да не се услов во преговарачката рамка, преговорите со ЕУ да почнат пред да влезат Бугарите во Уставот и да ни се дадат гаранции и од ЕУ и од Бугарија дека нема да има натаму нови условувања.
„Губиме драгоцено време, а го немаме на располагање, порача Ковачевски додавајќи дека не може веќе Македонија и Албанија да останат во оваа ситуација заради блокадата на една земја која решила да се врати во минатото. Тој наедно потсети дека Македонија е земја која е претпознатлива по решавање на тешки прашања и дека искрено влегла во преговорите со Бугарија очекувајќи да се засноваат на европски вредности“, рече премиерот.Тој наведе дека угледот на Европската Унија(ЕУ) во регионот е сериозно нарушен.
Граѓани вчера се собраа пред Владата со барање Владата го отфрли францускиот предлог. Повеќе партии се против, а воедно оние кои се во власта најавија дека ќе ја напуштат Владата ако го прифати овој предлог. Ова се однесува за ЛДП, ДОМ и ДС.
фото: Принтскрин
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




