Ковачевски и Османи: Францускиот предлог треба и ние да го разгледаме
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2022 11:15
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјави за медиумите по Преспа форумот рекоа дека и македонската страна треба да го прифати францускиот предлог за одблокирање на евроинтеграциите на Македонија од страна на Бугарија и да достави свои забелешки во Брисел.
- Во моментов нема дојдено кај нас предлог кој е усогласен на ниво на сите земји членки на ЕУ. Доколку земјите членки и Бугарија тоа го усогласат, тој ќе биде испратен кај нас. Ние ќе ги дадеме нашите забелешки според нашите позиции. Нема да се разговара за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. и треба да има гаранции дека нема да има нови барања за нашето напредување во евроинтеграциите. Ние како држава го цените напорот на претседателството и францускиот претседател Макрон кој во пресрет на Самитот на ЕУ има иницијатива за решение. Постои предлог и тој треба да се разгледа низ институциите во Бугарија.
За внатрешните прашања во Бугарија е тешко да се коментира. Што ќе се случува таму, ние не можеме да знаеме, тоа зависи од развојот на настаните во нивниот парламент, рече Ковачевски пред медиумите.
За пефот на македонската дипломатија Османи, ситиацијата во Бугарија не изгледа ветувачка, но според министерот, француското претседателство може да процени дека ситуацијата е комплицирана и дека треба да се направи чекор напред. Во тој контекјст и Македонија ќе ги даде своите забелешки.
- Француското претседателство ќе процени дали сцената во Република Бугарија, дали разговорите со двете страни до сега дозволува процесот да направат нареден чекор. Ако они направат нареден чекор, не имаат нас да се вклучиме и да помогнеме во процесот. Јас мислам дека има, но останува на француското претседателство да процени затоа што тие ја имаат големата слика, затоа што разговараат со двете страни во процесот. Очекуваме од нив насока за тоа како понатаму, истакна Османи.
Во моментов во Бугарија нема дефинирано влчадеачко мнозинство во парламентот за да се изгласа прифаќање на францускиот прелдог, за кој исто така во јавноста никој не знае какви решенија содржи. Партијата „Има таков народ“ предводена од Слави Трифонов ја напушти владината коалиција, но еден дел од нивните пратеници остануваат со поддршка за владата.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




