Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2023 19:25
Ако не се случат уставните измени ќе имаме изолација како таа од 2006 до 2016 та- година, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Премиерот Ковачевски по одржувањето на Самитот во Молдавија изјави дека една од темите била и проширувањето на Европската Унија(ЕУ), каде била искажана јасната подготвеност на ЕУ за отворена врата за нови земји членки.
„Дали сум оптимист – јас сум рационален оптимист, верувам во целта и работам на тоа таа цел да се оствари. Што ако не се случат уставните измени? Ако не се случат уставните измени ќе го имаме тоа што го имавме од 2006 до 2016 година. Наместо интеграција ќе имаме изолација, а видовме како изгледа изолација. Без инфраструктура, заробена држава, за слобода на медиуми бевме на 130 место сега сме 38 место во светот, владеење на право окарактеризирани како хибриден режим а сега за една година 19 места скок, еве вие сте медиуми и никој не ви кажува што да прашате, нити како ќе ви изгледаат вестите, нити некој ви се јавил од мојот кабинет какво прашање да ми поставите“, изјави Ковачевски.
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека сега е моментот за уставните измени. И САД повика Македонија да направи уставни измени.
Левица е против и вели дека ова ќе донесе бугаризација за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ исто смета дека уставните измени нема да поминат.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




