Ковачев: Албанската телевизија за прв пат пренесуваше вести на бугарски јазик
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2019 13:47
Андреј Ковалев, бугарскиот пратеник од Европскиот парламент, за „24 Часа“ истакна дека пред новите европски избори мандатот го завршува со успех по издејствувањето на признавање во Албанија на „биугарското малцинство во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“.
- Тоа беше една многу сериозна историска неправедност - за прв пат во историјата е призната една реална појава и делување во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Во албанскиот дел на Гора живее бугарско население, кое сега е признато. Минатата недела на албанската телевизија за прв пат имаше вести на бугарски јазик - рече Ковачев.
На друго прашање додава дека од првиот ден како европратеник работел на тоа да се постигне договор за недискриминирање на неговите сонародници кои живеат во Македонија.
- Тоа е само првиот чекор. Престојат многу години работа и работите не се менуваат преку ноќ. Станува збор за седумдесетгодишна пропаганда во спротивна насока - додава Ковачев.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




