06 Декември, 2025
0.0383

КОСТАДИНОВ: Успеавме без неработниците од ВМРО-ДПМНЕ, падна тезата дека владејачкото мнозинство не е стабилнио

Објавено во: Македонија 19 Април, 2021 13:57

Добивај вести на Viber

Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ вели дека знае зошто се гневни неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ, кои ги нарекува неработници. 
Тоа, како што пишува Костадинов на својот фејсбук профил, е затоа што успеале да го изгласаат петтиот пакет мерки насочен кон закрепнувањето на економијата, и покрај, како што вели, опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ.
Еве што напиша Костадинов на својот фејсбук профил.
„Да бидеме искрени, зошто е гневот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ толку голем после изгласувањето на петтиот сет економски мерки? Со самото гласање со 62 пратеника ЗА, паднаа во вода буквално сите лажни тези кои ги пласираа.

Падна тезата дека владејачкото мнозинство не е стабилно!

Падна тезата дека некои пратеници од владејачкото мнозинство размислуваат да ги поддржат нивните политики.

Падна тезата дека тие се загрижени и бараат итна седница за петтиот сет економски мерки, напротив се докажа дека беа до крај деструктивни.

Падна тезата дека буџетот бил празен и државата немала пари за исплата на помошта кон граѓаните и компаниите.

Падна тезата дека тие се одлучувачки фактор во Парламентот.

Видовме сите, освен за ширење хистерија за друго и не ги бидува.

Жалам што 60.000 работници беа мета на ВМРО-ДПМНЕ, сепак на крај пораката до граѓаните е јасна и прецизна.

Нема да дозволиме калкулации со интересот на нацијата, успеавме без неработниците од ВМРО-ДПМНЕ“, напиша пратеникот Костадинов на својот фејсбук профил.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија