КОСТА КОСТОВСКИ ЗА ФАКТОР: Стечајната постапка за Еуростандард банка се води нетранспарентно, тоа носи големи заблуди – останаа уште 8,5 милиони евра
Објавено во: Финансии 11 Април, 2023 08:15
Коста Костовски, еден од косопствениците на пропадната Еуростандард банка, во
разговор за Фактор, реагира на повеќе аспекти од водењето на стечајната
постапка за банката.
Токму за овие две објави, Костовски вели дека се различни, што создава забуни кај доверителите на банката, но и кај сите засегнати страни. Имено, во објавата во Службен весник стои дека се закажува завршно Собрание на доверители, додека, пак, во објавата во дневниот весник се наведува само дека се закажува Собрание на доверители. А точката која ќе се разгледува ќе биде носење на одлука во врска со спроведената електронска продажба на недвижен имот – стечајна маса на должникот.
Затоа, според Костовски, е нејасно за какво Собрание на доверители станува збор, дали за завршно или не. Тој нагласува дека стечајната постапка за Еуростандард банка е далеку од тоа да биде во завршна фаза, бидејќи завршно Собрание би требало да се одржи кога целиот имот на банката ќе се впаричи и ќе влезе во стечајната маса, по што ќе се одлучува за распределба на тие пари на доверителите.
„Како може во исти ден да се држи и Собрание на доверители и Завршно собрание. Имено, на Завршно собрание се врши конечна делба, а за неа е неопходно и целиот имот да е продаден и впарчен, и средствата да се влезени во стечајната маса. Но, еве во овој случај да претпоставиме дека станува збор за некоја техничка грешка во објавите, па се надеваме дека тоа ќе го исправи стечајниот судија со заклучокот“, вели Костовски.
Сепак, тој реагира дека има голема нетранспарентност и нелогичности во водењето на стечајната постапка, од самиот нејзин старт уште пред две и пол години. Првата работа е што надлежните, пред се стечајните управници, како што вели, иако се законски обврзани, не ги даваат потребните извештаи за водењето на стечајот, во смисла на тоа колку и кој имот е продаден, како е продаден, колку средства се собрани, колку средства се поделени, колку трошоци се направени и за што, и слично. А од друга страна, стечајот на една банка треба да биде јавна работа.
„Еднаш месечно стечајниот управник треба да доставува извештаи, обрасци со пропишана форма и содржина, од кои сите доверители и засегнати страни би знаеле до каде е постапката, но такво нешто едноставно нема, како да има молк на податоци“, вели Костовски.
Инаку, косопственикот на Еуростандард банка вели дека доверителите кои не се обесштетија од Фондот, а кои потоа се обесштетуваа од стечајната маса, досега се намирени со 38,4 отсто. Според наредниот План за втора авансна распределба на доверители ќе се одлучи за распределба на уште 21,5 отсто, што значи дека тие ќе бидат обесштетени со по околу 60 отсто од своите побарувања.
„Тука не се влезени парите што ќе се земат од продажбата на зградата на Еуростандард банка, што значи дека од тие средства ќе има дополнително обесштетување. Покрај зградата, во стечајната маса има и друг имот на Еуростандард, како што се недвижности, како и побарувања по дадени кредити кои се во фаза на реализација“, вели Костовски.
Всушност, сите физички лица кои штеделе во банката, сега се обесштетени со 100 отсто.
Од стечајната маса од банката треба да се исплатат уште 8,5 милиони евра, значи тоа се пари кои сеуште ги должи Еуростандард банка во стечај на доверителите по закон и Устав, вели косопственикот на банката во стечај.
Сеуште обесштетување очекуваат 28 лица кои штеделе со повластени стаки, како и правните лица односно фирмите кои имаа затечени средства во банката. Тие заедно побаруваат уште 520 милиони денари или 8,5 милиони евра. Всушност, на претстојното собрание треба да се исплатат уште 21,5 отсто од овие 8,5 милиони евра. Што значи дека за исплата ќе преостанат уште околу 6,7 милиони евра.
Инаку, според Костовски, треба да се спомене и дека во стечајната маса би требало да влезат и средства од сите побарувања на дадени кредити на правни и физички лица, како и спорните побарувања, кои според него, исто така се наплатуваат во стечајот. Како и околу 13 милиони евра кои се наоѓале во вонбилансната евиденција. Така што, со наплатата на дел од тие побарувања, би требало да се ослободат резервациите, и тие пари да станат декл од стечајната маса, но, како што вели Костовски, никој не знае што се случува со тие средства и до каде е нивната наплата.
Инаку, и самиот Костовски е доверител на Еуростандард банка во стечај, бидејќи нивната компанија „Гофи“ била депонент на банката, а таму имала и свои затечени средства кои се користеле за тековно работење.
Како доверител но и како поранешен косопственик на банката Костовски реагира и на последната понуда од 5,4 милиони евра за зградата на банката. Прашува како овој понудувач успеал да направи проценка на вредноста на зградата, кога тоа може да го побара и добие само стечајниот управник, а второ, реагира и на понудената вредност, укажувајќи дека во 2013 година Еуростандард банка ја купи зградата од Гофи за 8 милиони евра, а Град Скопје ја проценил на 10 милиони евра кога го пресметувал данокот на промет. Затоа Костовски како доверител гласал и ќе гласа против тоа зградата да се продаде за 5,4 милиони евра.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




