09 Мај, 2024
0.0242

Коста Костовски повеќе не е претседател на Одборот на директори на берза

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Тони Стојановски на местото на Коста Костовски. 

Стојановски во следните четири години ќе биде претседател на Одборот на директори на Македонска берза. Досега таа функција ја имаше Костовски, син на познатиот бизнисмен Трифун Костовски, инаку во берзата претставник на Еуростандард банка. Рокадата беше изгласана на последната седница на Одборот на директори на Македонска берза, на 12 јуни. Тогаш беше изгласан новиот мандат на членовите на Одборот. Тие впрочем се истите луѓе, но Стојановски досега беше само неизвршен член, а во следните четири години ќе биде и претседател. 


Костовски останува член, а во Одборот како неизвршни членови се е Петар Трпески од Шпаркасе банка, Михајло Брова Зиков од Комерцијална банка, Билјана Цветковска од Централниот депозитар на хартии од вредност. 

Иван Штериев е член на Одборот и главен и извршен директор, а во него членуваат и двајца независни членови - Горан Анастасовски и Иван Мишев.

Костовски беше избран за претседател на Одборот на директори на Македонска берза во ноември 2016 година.

Стојановски е генерален директор за корпоративно банкарство во Стопанска банка и член на Управниот одбор на оваа банка.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните