Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица
Објавено во: Балкан 20 Септември, 2023 19:05
Tројца Срби денеска се уапсени на Косово, а српските власти велат дека процесите се политички мотивирани.
Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека се уапсени три лица од српската заедница за „воени злосторства над цивилното население“.
„Со одлука на обвинителот на Специјалното обвинителство на тројцата уапсени им е одреден притвор до 48 часа“, се наведува во соопштението.
Сепак, нема податоци за кои воени злосторства се товарат уапсените. Тие се од Северна Митровица и Звечани.
На овие апсења реагираа Српска листа, најголемата партија на Србите во Косово и Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, со оценка дека станува збор за „политички мотивирани апсења“.
Директорот на канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ изјави дека добил наредба од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да покрене постапка за свикување итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на Косово. Со месеци има тензии во северно Косово.Фото: Косово онлајн
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




