06 Мај, 2024
0.0234

Косово гради најмодерен ски-центар на Балканот – на Шар Планина!

Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Речиси 410 милиони евра ќе вложи Косово во изградба на ски-центарот Брезовица на Шар Планина, со што ова ќе стане најмодерен ски-центар на Балканот. Овој ски-центар се наоѓа на северозападната страна на Шар Планина, на околу 60 километри од Приштина, на надморска висина од 900 до 2.500 метри, пишува турската агенција Анадолија. Предвидена е изградба на повеќе од 100 километри ски-патеки, 35 патеки во првата и 25 во втората фаза, речиси 20 ски лифтови и останата инфраструктура потребна за модерен туризам. Изградбата ќе започне на лето и ќе трае цели 18 години, поделена во три етапи. Брезовица е издадена под концесија на 99 години. Во првата фаза се очекува комплетно реновирање на постоечкиот ски-центар, ќе се отстранат сите стари објекти за да се изградат нови, ќе започне изградба на туристичко село со хотели, ресторани и пропратни објекти, а ќе се гради и Аква парк, кој е составен дел на проектот. Оваа фаза ќе трае три години, а за тоа време ќе се работи и на проширување на патиштата, изградба на паркинзи, набавка на машини за вештачки снег. Во се ова ќе бидат вложени 165 милиони евра, а првите жичарници и ски патеки ќе бидат пуштени во употреба на почетокот на 2016 година. Косовските власти очекуваат инвестицијата во Брезовица да отвори 3.000 работни места, од кои повеќе од 920 ќе бидат директно вклучени во туристичкиот центар. Процедурата за подготовка на документацијата и изборот на адекватен инвеститор траела неколкку години. Во овој туристички центар не е вложувано ништо од 1999 година. Приватизацијата досега ја попречуваше и спор околу сопствениста над имотот, затоа што српската Влада тврди дека полага право на сопственост врз имотот на општественото претпријатие „Инекс ски центар“ - Брезовица. Затоа, косовската Влада била принудена наместо за продажба, да се одлучи за издавање на имотот под концесија.  

Можеби ќе ве интересира

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите