14 Декември, 2025
0.1036

Кошутиќ го остава најголемиот енергетски проект во земјата за да ги води македонски Железници АД

Објавено во: Економија 18 Јули, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Поранешниот заменик-министер за транспорт и врски и последен директор на Скопски саем, Дејан Кошутиќ, по само една година и неколку месеци откако беше назначен да раководи со големата израелска инвестиција во Македонија на гигантот Big Shopping Centers,  од новата власт е поставен за генерален директор на Железници - Транспорт.

Big Shopping Centers, позната по тоа што купува недвижнини на Балканот и поседува трговски молови во регионот, преку својата фирма за инвестирање во производство на електрична енергија БИГ Енергиа Холдингс ја регистрираше македонската компанија Биг Мега Менаџмент, а во текот на минатогодишната пролет го ангажираше Кошутиќ.

Новиот менаџер ќе има голема одговорност пред себе со оглад на тоа што акционерското друштво во државна сопственост е едно од назадолжените и најнерентабилните претпријатија во земјата, но Кошутиќ за „Фактор“ вели дека во моментов се прават планови за нова визија во работењето, кои ќе бидат наскоро обелоденети пред јавноста.

Истовремено „Фактор“ го праша кој е мотивот од менаџирање на еден амбициозен инвеститорски проект да се префрли на раководење на друштво кое добива позајмици и субвенции за да подели плати и да ја плати сметката за струја.

- Официјално излегов од Биг Мега Менаџмент и повеќе таму немам никакво влијание. Целосно ќе се посветам на мојата нова функција. Можам да кажам дека од Биг Мега Менаџмент заминувам во вистинско време, бидејќи таму, како што се вели - детето е изведено на прав пат. Сите проекти се спакувани како што треба и се оди по планот. Мојата задача таму заврши, а во Железници - Транспорт само што започнува, вели Кошутиќ.

Big Shopping Centers летото 2022 соопшти дека презема проект во Македонија вреден 53 милиони евра на огромна површина во Пробиштип со изградба на фотоцентрала со моќност од огромни 119 мегавати, а веќе се и превземени уште неколку проекти за електрани со над 50 мегавати. 

БИГ Енергиа Холдингс, огранокот на Big Shopping Centers, во последно време инвестира, но и купува готови проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори. Свои тековни инвестиции има во Романија и БИХ, а активна е и во други земји од регионот.

Фирмата-мајка тогаш рече дека компанијата купила проекти со вкупен капацитет од 500 мегавати и оти инвестициите во нив треба да изнесуваат вкупно 520 милиони евра. Вкупната моќност од портфолиото на проекти во подготовка достигна 1,4 гигавати. Компанијата има за цел да биде доминантна во областа на обновливите извори на енергија во Источна Европа и на Балканот.  BIG работи од 1994 година. Таа е водечка групација за недвижнини во Израел. Компанијата излезе на берзата во Тел Авив во 2006 година, а нејзината пазарна капитализација на 31 декември 2021 година беше 3,1 милијарди евра.  Според информациите кои неофицијално претходно ги добивме од „Биг Енергија Холдингс“, веќе се купени околу 900.000 метри квадратни земјиште во близина на Пробиштип, а десетици илјади метри квадратни од таа површина претходно била државно земјиште преземено заради дооформување на парцела само за проектот „Скај Солар“..

Кошутиќ од 2002 до 2006 беше заменик-министер за транспорт и врски, а директор на Скопски саем беше до самото постоење на претпријатието кое се расформира во 2020. Во меѓувреме беше и шеф за изнаоѓање странски пазари на АД Бетон.

Демократската партија на Србите во Македонија на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ пред една недела објави дека Кошутиќ е новиот директор на Македонски железници-транспорт АД.

„Кошутиќ има шанса да ја промени состојбата во Железница, со што ќе овозможи отворање на пазари за нови инвестиции, нова соработка како меѓу домашните, така и со меѓународните компании, како и помалку трошоци за транспорт, што е многу важно за стопанството, но и за економски напредок на земјата“,наведе тогаш партијата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји