КОШТА ЗА АЛБАНИЈА: Ако продолжи со овие резултати, можно е да биде член пред 2030 година
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2025 20:50
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на заедничката прес-конференција во Тирана, со премиерот Еди Рама рече дека Албанија може да влезе во Европската Унија(ЕУ) пред 2030 година.
„Не барам некој волшебен датум. Ќе ги гледаме достигнувањата на Албанија ден по ден. Зошто не порано? Зошто не пред 2030 година. Ако продолжи со овие резултати, можно е да биде член пред 2030 година. Сè зависи од вас. Резултатот од неделните избори уште еднаш ја потврди желбата на албанските граѓани за интеграција во ЕУ“, додаде Кошта.
Вели дека во наредните месеци е сигурен дека Албанија ќе заврши одлична работа и кога ќе дојде следната година, ова прашање повеќе нема да постои-Албанија наскоро ќе стане земја-членка.
Премиерот Еди Рама изјави дека Албанија ќе продолжи со реформите за да ги заврши преговорите со ЕУ во 2027 година, порачувајќи дека стои зад она што го кажал за време на изборната кампања, дека ова ќе биде мандатот на интеграција.
За Македонија, Кошта кажа дека треба да ги заврши преземените обврски.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




