КОС: Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2024 15:10
Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување, Марта Кос.
Нејзиниот став е дека земјава мора да го промени Уставот за да продолжи на нејзиниот пат кон Европската Унија(ЕУ).
Кос денеска одговараше на прашања на европратениците, а членовите на Европскиот парламент од Бугарија ја прашаа како гледа на можноста за одложување на уставните измени.
„Одговорот е јасен. Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку. Владеењето на правото, почитувањето на човековите права, правото на припадност на малцинства, повторно член 2, е основата. Оттука, очекуваме владата на Северна Македонија да го исполни ова барање“, вели Кос.
Таа одговори дека кога станува збор за билатерилизација на можни спорови меѓу земји членки и земји кандидатки, интересот на земјите-членки е на прво место. Потоа рече и дека ако стане еврокомесарка, ќе се потруди да не се увезуваат билатерални прашања во процесот на проширување.
Кос ќе биде еврокомесарка доколку биде изгласана од Европскиот Парламент.
Македонските власти ја споменуваа идејата и за одложена примена на уставните измени. Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат. Земјава долго време е во чекалната на ЕУ. Албанија минатиот месец ги почна преговорите. Западниот сосед ги надмина разликите со Грција и почна преговори. Албанскиот премиер Еди Рама, се надева дека до 2030 година Албанија ќе влезе во ЕУ.foto EPA
Можеби ќе ве интересира
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“




