КОС: Aко Вучиќ замине во Москва, тоа ќе има последици на членството на Србија во ЕУ
Објавено во: Балкан 30 Април, 2025 17:10
Ако српскиот претседател Александар Вучиќ замине во Москва, ќе има последици за членството на Србија во Унијата.
Еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос изјави дека евентуалното учество на претседателот на Србија на парадата во Москва на 9. мај, ќе има последици врз членството на земјата во ЕУ. Ова денеска го потврди портпаролот на Европската комисија на прес-конференција.
Кос ја нагласи потребата Србија да постигне напредок во реформите на патот кон ЕУ.
„Сметаме дека Србија ќе ги следи европските вредности и ќе биде добар партнер откако ќе аплицира за пристап. Односите со Србија не може да бидат како порано“, изјави портпаролот на Европската комисија.
Инаку, Србија е една од ретките држави што не воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина која почна пред три години.Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




