Корумпираниот екс евро пратеник Адријан Северин осуден на 4 години затвор
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2016
Адријан Северин, поранешeн евро пратеник од Романија, по втор пат е осуден, овој пат со повисока затворска казна од 4 години, откако судот процени дека е виновен за мито, корупција и продавање на гласот во Европскиот парламент за туѓи интереси.
Главната причина поради која Северин е осуден е истражувачката сторија на британскиот весник Сандеј тајмс чии новинари лажно се претставија како лобисти и од европратениците побараа менување на директиви за пари. Во скандалот беа вмешани и Зоран Талер и Ернест Штрасер, но тие се откажаа од пратеничкиот имунитет и си поднесоа оставки.
Северин тогаш одбиваше да се повлече од функцијата тврдејќи дека сторијата на Сандеј тајмс е местенка и дека нема никаква вина.