КОРОНАВИРУС ВО СОСЕДСТВОТО: Веќе има заболен во Косово?
Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2020 15:40
Еден сомнителен случај на коронавирус денеска e oткриен во Косово.
Националната Институција за Јавно Здравје сепак објави дека во Косово нема случаи на коронавирус. Пациентката за која имаше сомневања дека е заразена од корнавирус, е тестирана, и резултатите се негативни.
Претходно, министерот за здравство, Арбен Витиа изјави дека на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово се третира еден сомнителен случај на лице заразено од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Витиа рече дека претпоставува дека станува збор за обичен грип.
„Можностите за појава на случаи со коронавирус во Косово се реални, меѓутоа ние се подготвуваме за да ги преземеме потребните мерки. На инфективната клиника се појави еден сомнителен случај, но не треба да се крева паника, затоа што претпоставуваме дека се работи само за грип“, изјави Витиа при денешното пуштање во употреба на лабораторијата за микробиологија.
На приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ се направени сите потребни подготовки за контрола на патниците кои доаѓаат од Италија.
Коронавирусот се рашири и во Италија, поради што има страв кај Македонците кои работат во оваа земја.Во Италија уште едно лице почина од коронавирус, односно вкупниот број на починати е четири лица.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




