09 Мај, 2024
0.0248

Корона дебакл на берзата: Штериев смирува - Имаме ценовни стабилизатори

Објавено во: Економија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Берзата руши негативни рекорди. Се уште не е завршено денешното тргување, но цените на акциите се буквално во слободен пад. Некои од компаниите губат и по осум проценти од вреднста на акцијата, а индексот МБИ 10 падна денеска досега за над осум отсто. Но ова не се случува само денеска. Падот почна од предминатата недела кога и почнаа стравувањата за ширењето на коронавирусот во земјава, па беше потврден и првиот позитивен случај. Иван Штериев директорот на Македонска берза, која е организатор на тргувањето вели дека негативниот ценовен тренд е резултат на влијанието на актуелните меѓународни случувања поврзани со вирусот. Вели дека внимателно ги следат случувањата, но и дека согласно правилата на тргување, постојат автоматски стабилизатори на цените.

Негативниот ценовен тренд последните неколку дена на пазарот е примарно резултат на влијанието на актуелните меѓународни случувања поврзани со корона вирусот и високата меѓузависност на финансиските пазари во светот. Инвеститорите на нашиот пазар очигледно ги следат овие трендови и носат соодветни одлуки според сопствените проценки, при што во вакви услови психолошките фактори преовладуваат. Вчерашното официјално прогласување на пандемија на коронавирусот од страна на Светската Здравствена Организација е дополнителен фактор во оваа насока, што го потврдуваат и движењата на другите берзи, вели Штериев.

За Фактор додава дека Македонска берза будно ја следи состојбата на пазарот и своите овластувања и механизмите од Правилата за тргување коишто и стојат на располагање ќе ги примени доколку е потребно. ”

„Македонска берза, како организатор на пазарот на хартии од вредност, внимателно ги следи пазарните движења и трендови. Согласно нејзините Правила за тргување постојат определени автоматски стабилизатори на ценовните движења во форма на т.н. статички и динамички дневни лимити при промената на цената на определени хартии од вредност. Статичките лимити при континуираното тргување изнесуваат плус/минус 10 проценти, а динамичките плус/минус три отсто, вели Штериев.

Берзата во земјава се покажа како исклучително чувствителна на настаните иако така реагираа и другите пазари. Самиот Штериев за оваа година имаше надеж дека ќе е позитивна и за цените и за интересот поради стабилизацијата и влезот во НАТО, приближувањето кон ЕУ но тоа засега не е остварливо.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?