27 Април, 2024
0.0263

Корисниците на Македонски Телеком меѓу првите во Европа со можност за припејд eSIM решение

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

                                                    

Македонски Телеком уште еднаш ја потврдува својата лидерска позиција во технолошките иновации и дигитализацијата, претставувајќи го новото припејд еSIM решение.

За прв пат на пазарот, креирано е иновативно решение за припејд сегментот овозможено преку најновата eSIM технологија со која на корисникот му се овозможува да добие нов припејд број на најдобрата мрежа со само неколку клика, од кое било место и во кое било време. Она што го прави решението особено атрактивно е фактот што еSIM профилот станува достапен веднаш, и тоа преку целосно дигитализиран процес.

Новиот припејд еSIM е целосно флексибилен и дава можност корисникот да ја избере најоптималната понуда според своите комуникациски потреби, избирајќи активирање еден или комбинација на повеќе комбинирани и/или интернет пакети со важност од 7 или 30 дена. 

Со припејд eSIM може да се дојде до нов припејд број и од странство, пред воопшто да се помине границата, и така престојот во Македонија да започне комуникациски подготвено, со поврзување на најдобрата мрежа уште од првиот момент.

За да може да се користи eЅIM услугата, потребен е уред којшто ја поддржува оваа технологија. Во иднина, eSIM ќе стане стандард поддржан од секој уред, со што во исто време ќе се поттикне развојот на решенија коишто ќе одговорат на потребите на корисниците и воедно ќе се придонесе за зачувување на животната средина преку исфрлање на пластиката од употреба.

Воведувањето на услугата е од особено значење бидејќи корисниците на Македонски Телеком се меѓу првите во Европа коишто ќе имаат можност да ги уживаат придобивките од оваа технолошка иновација.

Во текот на месец март, Македонски Телеком за прв пат на пазарот ја претстави еСИМ технологијата за постпејд корисниците. Со сегашната новина, компанијата го заокружува процесот на обезбедување електронски СИМ решенија и се профилира како предводник во развојот на услуги и во доменот на „Интернет на нештата“ и поврзаните уреди.

Повеќе детали на www.telekom.mk


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“