Кореанците трупаат залихи сол и нема да јадат повеќе морска храна, Јапонија ќе испушта контаминирана вода од Фокушима
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2023 09:02
Граѓаните на Јужна Кореја почнаа да складираат сол и морска храна, стравувајќи за залихи пред планираното испуштање на контаминирана вода од нуклеарната централа во Фукушима, Јапонија, во океанот.
Управата за риболов вети дека многу повнимателно ќе ги разгледа потенцијалните знаци на зголемена радиоактивност и ќе алармира за забраната за морска храна фатена во близина на Фукушима.
Граѓаните сè уште купуваат многу повеќе сол и морски плодови отколку што им е потребно, стравувајќи дека одлуката на Јапонија да испушти контаминирана вода може да го загрози нивното здравје.
Додека Сеул и Токио во последниве месеци притискаа за чекори за поправање на врските нарушени со историски спорови, планот на Јапонија да ослободи повеќе од милион тони радиоактивна вода од уништената централа Фукушима остана многу спорен за нејзиниот најблизок сосед.
Повеќе од 85 отсто од јужнокорејската јавност се спротивставува на јапонската одлука, а 70 отсто од нив планираат да консумираат помалку морска храна доколку Токио направи како што најави.
Цените на морската сол беа речиси 27 отсто повисоки во првата недела од јуни отколку пред два месеца, соопшти Министерството за океани и рибарство.
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




