Коосновачот на „Bitcoin.com“ тврди: Биткоинот е најризична инвестиција во која можете да влезете
Објавено во: Економија 20 Декември, 2017
Емил Олденберг, коосновач на страницата Bitcoin.com, ги продал своите биткоини и притоа ги нарече „бескорисни“.
Олденберг, шефот на технологијата на страницата Bitcoin.com, рекол дека се работи за „најризичната инвестиција во која можете да влезете“, пренесува Unilad повикувајќи се на шведската страница Breakit.
Коосновачот на Bitcoin.com објаснил за Breakit поради што повеќе не верува во таа криптовалута.
„Се работи за екстремно висок ризик. Ги продадов сите свои биткоини и се префрлив на биткоин кеш. Префрлување на биткоини на берза и со нив многу чини. Кога ги продадов своите биткоини морав да платам 50 американски долари и да чекам 12 часа трансакцијата да заврши“, рекол Олденберг.
Тој открива како Bitcoin.com „престанал да развива нови услуги за старата биткоин мрежа“, и сега таа страница пред се е фокусирана на биткоин кеш кој е покренат во август.
„Старата биткоин мрежа практично е бескорисна. Решенија гледам во биткоин кеш, во тоа лежи иднината“, рекол тој.
Олденберг вели дека високи трансакциските надоместоци и застој во трансакции се главна причина што кренал раце од биткоинот.
Во јануари вредноста на биткоинот изнесуваше околу 1000 американски долари по „паричка“ а за 12 месеци достигна неверојатни 18 000 американски долари.
Фото: Nairametrics/Pixabay