КОНТРОВЕРЗНИОТ СОВЕТНИК НЕФИ УСЕНИ ПОВТОРНО СЕ СТЕПА ВО ОПШТИНА ОХРИД: Тупаници за тезгите на охридскиот кеј
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 15:46
Контроверзниот бизнисмен и советник од ДУИ во Општина Охрид,
Нефи Усени, по којзнае кој пат влегува во физичка пресметка со свои неистомисленици
или деловни конкуренти.
Според сведочења за Фактор од вработени во општината кои присуствувале на настанот, последниот инцидент на Нефи Усени се случил вчера во просториите на општината. Тој, како што посочуваат соговорниците на Фактор, со тупаници натепал 56 годишен свој сограѓанин, кој учествувал во наддавање за тезгите на кејот во Охрид.
Нашите извори велат дека станува збор за бизнис кој традиционално го добива и го води Усеини, па токму и затоа бил револтиран што некој друг се осмелил да учествува во тоа наддавање. Потврда за овој инцидент може да се види и во билтенот на СВР Охрид.
„На 21.06.2022 година околу 15.30 часот на улицата ‚Димитар Влахов' во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У. врз Т.В.(56), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во билтенот на СВР Охрид.
Претходно, како што пишуваа медиумите во Македонија, Усеини и во 2019 во просториите на Општина Охрид физички нападна советник од Беса.
Од СВР Охрид го потврдија и овој инцидентот и информира дека лицето Џемаил Мена советник од редовите на БЕСА, телефонски пријавило дека во просториите на Општина Охрид, физички бил нападнат од Нефи Усеини.
А. Б.ФОТО: МИА
Можеби ќе ве интересира
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите




