Контроверзниот политичар Иван Пернар условно осуден
Објавено во: Балкан 16 Септември, 2017
Иван Пернар, контроверзниот и неконвенционален хрватски опозициски политичар, преку Фејсбук соопшти дека е условно осуден на казна од два месеци, доколку го повтори кривичното дело за кое е осуден, во период од една година.
Пратеникот Пернар не прецизира зошто е осуден, туку само најавува дека неговата „борба против криминалната власт сега ќе биде десетпати посилна“.
– Процесот е политички мотивиран и монтиран. Ги отфрлам обвинението, пресудата и лажните сведоци. Ме прогласија за виновен, а не добив можност да ја изнесам својата одбрана, напиша Пернар на својот профил на Фејсбук, најавувајќи дека се ќе објасни идната недела.