26 Април, 2024
0.0339

КОНЕЧНО ДОЈДОА ПОВЕЌЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ - во јули прв месечен раст на приходите

Објавено во: Економија 04 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во јули се забележува прв месечен раст на приходите во буџетот од почетокот на КОВИД-19 кризата, со месечен раст од 1,4 отсто во однос на лани. Ова се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци, јави Министерството за финансии. 

По реализацијата во јуни која бележеше значително подобра наплата на приходите од април и мај, по олабавување на рестрикциите и реотварање на економијата, резултатите за јули укажуваат дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика.

Вкупната наплата на приходи во јули изнесува 17,9 милијарди денари. Даночните приходи се наплатени во износ од 10,2 милијарди денари, или 1,7 отсто помалку од лани. 

Данокот на додадена вредност за првпат од почетокот на кризата забележува раст во однос на минатата година од 1,2 отсто, што следи по падот во јуни од 7,5 отсто, и високиот пад во мај и април од -33 и -43,5 отсто респективно. 

Се забележува и висок раст на увозните давачки од 18,3 отсто, понатаму раст на персоналниот данок од 0,4 отсто, додека помала наплата има кај акцизите и данокот на добивка. 

Придонесите забележуваат раст од 11,9 отсто во однос на истиот месец лани, со што продолжува добриот тренд на наплата на продонесите од јуни, кога беше забележана иста стапка на раст од 12,3 проценти. Растот на придонесите во време на криза во голема мера може да се препише на мерките кои ги презема Владата односно поддршката од 14.500 ден по вработен заради исплата на платите за април, мај и јуни.

Заедно со јули, кумулативно од почетокот на годината, падот на приходите во однос на минатата година е намален на -7,4 отсто, додека заклучно првото полугодие кумулативно изнесуваше 9 отсто во однос на лани. 

Даночните приходи сега бележат пад од 11,3 отсто кумулативно, додека заклучно првото полугодие бележа пад од 13 отсто во однос на лани. 

Придонесите бележат раст од 8,6% во однос на истиот период период лани, додека заклучно првото полугодие бележеа раст од 8%. Ова е добар сигнал за движењата на пазарот на труд. Стапката на раст покажува дека мерките за поддршка за зачувување на  работните места во борба против КОВИД-19 кризата даваат резултати. 

Расходната страна заклучно јули бележи раст од 11,6% на годишно ниво, во најголем дел како резултат на преземените мерки во борба против КОВИД-19 кризата. Оправданоста за ваквиот пораст на расходите се содржи во исплата на: повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршка за фирми и граѓани погодени од КОВИД во износ од околу 6,9 милијарди денари. Исто така и капиталните расходи се повисоки за 14,4% во однос на лани.

Дефицитот заклучно со јули е реализиран 4,76% од БДП и е согласно планираната динамика со Ребалансот.

„И покрај предизвиците со кои се соочува македонската економија, во услови на справување со КОВИД, извршувањето на буџетот се одвива по план. По реализацијата на вкупните приходи во јуни кои изнесуваа -9,6% споредено со лани кога рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат и економската активност да заживува, позитивната реализација во јули со раст од 1,4% говори дека заживувањето се одвива со добра динамика. Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на Буџетот, без застој, во законски утврдените рокови, односно вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарувања кон буџетските коирсници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на данок. Тука се и мерките за КОВИД, поддршка која државата ја дава на граѓаните и фирмите, во согласност со можностите, преку домашната платежна картичка, преку субвенционраните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Очекувањата се дека во третиот и четвриот квартал од годината постепеното закрепнување на домашната економија и заживување на економската активност ќе продолжи со засилено темпо. Со оглед на непредвидливоста која ја носи оваа пандемија, финансирањето на буџетот е обезбедено и во случај на евенутален втор бран“, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

Инаку, Министерството за финансии во насока на поголема транспарентност, од почетокот на КОВИД -19 кризата, порано го објавува месечното извршување на буџетот, односно наместо на крајот на месецот - се известува на почетокот на месецот за реализација на буџетот.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра