14 Декември, 2025
0.0485

Конечно добри вести, струјата на берзите поевтини до 50%! Колку чини еден мегават денеска?

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2022 07:37

Добивај вести на Viber

Во само една седмица цените на струјата на двете најважно берзи за нашиот пазар ХУПЕКС и ИБЕКС доживеаја неверојатно поевтинување. Очигледно дека побарувачката го изгуби здивот, на што веднаш реагираше и понудата. За испорака денеска еден мегаватчас струја на унгарската берза е 109 евра поевтин од претходниот понеделник и чини 189 евра, аречиси иста е цената и на берзата во Софија

Одлични вести за нашите компании – потрошувачи кои струјата ја плаќаат по берзански цени. Денешната цена на струјата на берзите во Бугарија и во Унгарија е значајно поевтина во однос на претходната седмица.

Еден мегавач час електрична енергија со достава за денеска на берзата ИБЕКС во Софија чини 186 евра што е 46 отсто поевтино во споредба со пред една недела. Еден мегаватчас струја испорачан денеска на вчерашното тргување на берзата ХУПЕКС во Унгарија чини 189 евра и тоа е за 109 евра поевтино од цената што беше постигната на таа берза пред една недела.

Оваа вест буди надеж кај нашите компании чии набавни цени на електричната енергија зависат од берзите во регионот, а особено од берзата во Унгарија која заради солидната долгогодишна ликвидност се зема за референтна берза за нашиот пазар.

На намалувањето на цените на берзите влијаат два фактори кои се во меѓусебна корелација. Првиот е генералното намалување на побарувачката заради оптимизацијата на потрошувачката. Голем дел од потрошувачите кои купуваат по берзанските цени овој период ги адаптираа своите потреби, дел од нив влегоа во ремонти за да намалат трошоци за набавка на струја, а дел го ре-компонираа своето делување и производство со цел да ги намалат трошоците за струја. Со тоа се стави крај на паничните удари на страната на побарувачката што предизвика урамнотежување на побарувачката и тоа на другата страна предивзика целонеделно намалување на цената на цените на берзите.

Конкретно на бугарската берза ИБЕКС дополнително позитивно влијание врз цените на струјата се очекува да има и тоа што бугарскиот в.д. министер за економија Никола Стојанов најави дека имаат долгогодишен аранжман за достава на природен гас од Азербејџан преку турскиот гасоводен систем со што ќе ја пополната празнината за рускиот природен гас кој со години е важен енергенс за целата бугарска индустрија и за затоплување на населението во зимските месеци.
Повеќе информации на следниот линк https://faktor.mk/bugarija-ja-nadmina-krizata

Сличен тренд на унгарскиот има и во Бугарија. Цената за еден мегаватчас за период од седум дена (од 11 октомври до денеска 17 октомври) се намали за 160 евра и набавката на мегаватчас денеска чини 186 евра.

Тоа е цената која беше приатлива и рентабилан и за претставниците на нашата индустрија претставувани од Стопанската комора на Македонија.

Повеќе детални податоци за референтите цени на струјата во изминатите денови на следниве линкови:

https://ibex.bg/%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%b0/%d0%bf%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%b5%d0%b3%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82-%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4/day-ahead-prices-and-volumes-v2-0/#avg-glance

https://hupx.hu/en/market-data/dam/weekly-data

Р. Ф:


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји