20 Ноември, 2019
0.0185

ИНТЕРВЈУ: Неим Хусеини, сопственик на градежната компанија Импексел2

Комплексот Домино ќе биде домашна оаза среде бучното секојдневие

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2016

“Домино е конципиран да биде своевидна мирна оаза среде урбаното и бучно секојдневие, така што поседува сопствен голем двор, она што во современите градби во Скопје до сега многу малку го има или го нема. Се обидовме да го вратиме дворот на станарите, да го вратиме оној социјален момент на домувањето во колективни станбени објект”.

Г-не Хусеини, месецов сте актуелни околу отпочнувањето на градбата на новиот голем проект на Вашата Компанија - Импексел2, објектот наречен Домино, кој што се гради во скопската Општина Карпош, во непосредно соседство на поранешна Алумина. Што за Вас и Вашата компанија претставува овој проект?

Од бизнис аспект, овој нов голем проект за нас претставува само логичен след на развојот на Импексел2 како компанија, како инвеститор и изведувач на градежни работи од ваков обем. Имаме 22 годишно искуство во оваа индустрија, сме поминале сито и решето, така што и овој проект е уште еден нов деловен предизвик кој што успешно ќе го завршиме, како и сите до сега. Гледано од поширок општествен контекст, задоволни сме што со стартот на градбата станбено-деловниот комплекс Домино почнува да ги добива првичните контури, ќе има модерна, исклучителна архитектоника, која ќе ја облагородува целата околина и, конечно, ќе му даде дополнителна вредност на просторот за сите кои што живеат во овој дел од градот. Убеден сум дека со сета своја вредност Комплексот Домино ќе биде нов препознатлив симбол на урбаното живеење во Скопје. Така што ние во Импексел2 со нетрпение ја очекуваме секоја следна фаза на градбата. Од личен агол гледано, пак, овој бизнис е тежок, макотрпен и не секогаш сè зависи од вас самите. Но, јас не знам поинкау да работам освен целосно и лично да се посветам на секој тековен проект. Така и со Домино: и покрај тоа што имам професионален и искусен многуброен тим на терен, јас сум постојано на градилиштето, често пати со земја, прашина и кал до колена во постојана трка, она што архитектите го нацртале, ние да го пренесеме и во реалноста во моделирањето на земјата, бетонот, арматурите и на другите градежни материјали.

Луѓето кои што Ве познаваат за Вас велат дека сте инаетчија, да не речеме фанатик кога ќе се зафатите за реализација на некој проект. Како илустрација го наведуваат Вашиот претходно завршен објект – Гранд Престиж, практично прв сосед на новиот Домино. Повторно Вашиот гостиварски инает или?

Морам да признаам дека ова е до некаде и точно, затоа што посветеноста со која што работам на проектите може да се толкува и како фанатичност. Тие што се долги години во овој бизнис знаат дека без фаќање во костец со ризиците на работењето нема завршена работа, нема успех. За мене тоа е само стимул повеќе. Така беше и со претходно завршениот станбен комплекс Гранд Престиж, за што говорат и задоволните сопственици на станови таму. Така ќе биде и сега. Квалитетот, професионалноста и експертизата сами ќе си го најдат патот до крајниот корисник. Е сега, знам да бидам и гостиварски инаетчија и некогаш да одам спроти ветрот. Но, јас повеќе на тоа гледам како на упорност и истрајност на мојот карактер, отколку како инает. Таа упорност и истрајност да се постигнат зацртаните цели, до сега, ме водела кон успех во работата, а се надевам дека така ќе биде и во иднина.

По што ќе биде препознатлив Домино, по што ќе се разликува од другите објекти што се градат во моментов во Скопје, што ќе понуди поинакво? Каков е концептот на Домино?

Што се однесува на екстериерот, Домино ќе биде препознатлив по повеќе елементи. Прво и основно е тоа што многу внимававме на планирањето на слободниот простор за резидентите тука, но и за сите кои што ќе застанат на овој простор. Објектот е конципиран да биде своевидна мирна оаза среде урбаното и бучно секојдневие, така што поседува сопствен голем двор, она што во современите градби во Скопје до сега многу малку го има или го нема. Со урбана опрема, со специјализирано детско игралиште со реквизити, мирно и тивко место без сообрааќај. Значи, се обидовме да го вратиме дворот на станарите, да го вратиме оној социјален момент на домувањето во колективни станбени објекти, но и како место за рекреација. Понатаму, многу внимававме да предвидиме зеленило, да го оплемените просторот и со зелени површини и дрвја, секаде каде што и малку се појави простор за тоа. Конечно, зеленило има низ цел комплекс, и на терасите, но и на покривите на објектот, она што со современиот речник се вели roof-top-garden или градини на покрив. Ова се некои од главните моменти што нè разликуваат од останатата понуда на пазарот во Скопје. Концептот на Домино е домашно засолниште среде градска средина. Домино го замисливме како вистински дом, што е поразлично од стан или куќа – како материјална категорија. Знаете, треба нешто повеќе од тоа за нешто да се нарече дом, што е емотивна категорија.

“Она со што сме супер ексклузивни се двата предвидени пентхаус апартмани, по еден во секоја ламела од Домино. Пантхаусите ќе бидат секој со по 700м2 површина, со сопствени базен и двор, со засебни два лифта, како и со сопствено ладњее и греење. Така што со ова ние дефинитивно излегуваме од рамките на секојдневната понуда на станови на пазарот”.

Каква ќе биде понудата на станови? Одите на линија на помал отпор или ќе понудите нешто што излегува надвор од рамките на секојдневната понуда на пазарот?

Од нашите претходни истражувања на пазарот на недвижнини ние знаеме што се бара и какви се трендовите кога се купуваат станови во Скопје. На конкурентниот пазар ќе понудиме она што е тренд во моментот, потоа нешто што е поневообичаено, но и нешто што до сега го немало како понуда; што значи станови на едно ниво, потоа дуплекс станови на две нивоа, како и два пентхаус апартмани. Така, на пример, двособните станови се движат од 39м2, падо 56м2,а предвидени се и двоетажни двособни станови од по 70м2. Трособните станови се со површина од 67м2, 70м2 и 92 м2, со тоа што и кај овој тип домови се проектирани двоетажни станови од 85м2. Четирисобните станови се со две еднокатни површини - од 105м2 и 150 м2, а двоетажните станови се со површина од 122м2 и 150м2. Проектирани се вкупно 24 дуплекс станови, кои ќе имаат сопствено ладење и греење, преку кулери/чилери. Останатите станови ќе бидат приклучено на градско прано греење. Она со што сме супер ексклузивни се двата предвидени пентхаус апартмани, по еден во секоја ламела од Домино. Пантхаусите ќе бидат секој со по 700м2 површина, со сопствени базен и двор, со засебни два лифта, како и со сопствено ладњее и греење. Така што со ова ние дефинитивно излегуваме од рамките на секојдневната понуда на станови на пазарот.

Каде ќе бидат ценовно позионирани становите? Бркате ексклузива или одите на “златна средина”?

Цените ќе бидат адаптирани кон условите на пазарот, кон тековниот момент на понуда и побарувачка, што би се рекло: ќе се движат во вообичаената рамка. Секако, цената ќе зависи и од начинот на плаќање, потоа од тоа во која фаза од градбата сме во моментот и слично. Но, ајде да не брзаме со цените, сега за мене е најбитно да се запазуваат роковите за градба и зацртаната динамика на одвивање на работите на терен.

За колкава инвестиција зборуваме кога говориме за станбено-деловниот комплекс Домино? Какви се термините за завршување на градбата, на колку луѓе, работници и компании ќе им даде работа оваа инвестиција?

Со оглед на габаритот на комплексот Домино, работите ќе се одвиваат во два фази, а секоја од фазите ќе чини по десетина милони евра. Како што рековте и вие, Импексел2 е и инвестотор и изведувач на проектот. Значи, Домино е целосно наша, домашна инвестиција со поддршка на домашните банки. Инаку, во градежните работи се вклучени и десетина домашни компании - подизведувачи, а на градежните работи се посветени преку двестотини работници. Целосното заокружвање на градбата е планирано да се заврши за околу три години, некаде кон крајот на 2019 и средината на 2020 година.

Еден современ објект како што Домино е планиран, не го прави само архитектониката, изгледот, туку и поставеноста, енергетската ефикасност, употребата на материјалите при градба, односот кон околината и слично. Се внимава ли и на овие аспекти при градењето?

Не само што треба да се задоволат законските прописи при градбата, кои што за Скопје се ригорозни од познати причини, туку тоа е и политиката на работа на Импексел2 – да се води сметка и грижа за секој аспект на градбата, за секоја финеса, оти не можеш лесно да го измамиш купувачот, кој што препознава дали станува збор за квалитет или за “квалитетна маска”. Најнапред, да се одлучиме за градење на ваков објект токму на ова место беа и истражувањата на надлежните институции дека почвата на овој потег на Скопје, од сеизмичка гледна точка, е идеалена за повисоки градби. Понатаму, при изградбата на Домино се употребуваат најсовремени материјали за градба, со висок и проверен квалитет, при што посебно се води внимание за енергетската ефикасност на комплексот. Значи, се што е новитет во идустријата на градежништвото, како материјал или технологија на градба, ние во Импексел2 секогаш се обидуваме да држиме чекор со трендовите. Затоа што секогаш сакаме да понудиме дополнителна вредност за клиентите, но и ние да ги диктираме трендовите дома кај нас.

Дали ја имате поддршката од банките и околу инвестирањето во градбата и поврзано со кредитирање на граѓаните за купување на стан во Домино?

Ние како компанија имаме одлични и долгогодишни деловни релации со неколку домашни банки, кои го сервисираат Имепксел2 во проектите на кои што работи. Исто така, кога станува збор за Домино, тие изразија подготвеност да даваат своја поддршка за кредитирање на граѓаните при купување на стан или деловен простор исклучиво и наменски за овој проект.

Што значи да се инвестира во градба на станбено-деловен комплекс во една ваков економски миг? Познавач сте на приликите во градежната индустрија: како гледате на кондицијата на македонското градежништво – кое што е движечката гранка на стопанството, и каде ја гледате перспективата на оваа индустрија?

Мојата компанија Импексел2 повеќе од две дециниии ги поминува и премрежињата на оваа индустрија, но и општествените случувања. Што се однесува до нашите сопствени инвестиции, па токму на вакви објекти како што е Домино, или каква што беше работата на Гранд Престиж, се препознаваат вистинските инвеститори. Тука се гледа кој сака чесно да сработи и чесно да придонесе и во поширок контекст во општеството. Македонија е моја земја, тука работам и јас и моето семејство, тука придонесувам и многу е чесно тука и да инвестирам. Така ќе биде и во иднина. Во врска со состојбите во македонското градежништво, тука мислам и на градбата на станбено-деловни објекти и на инфраструктурни проекти, сметам дека и во следните години тоа ќе биде двигател на домашната економија. Секако, секоја индустрија, па и оваа нашава, ги дели внатрешните општествени, политички и социјални состојби, има и ќе има растежи и падови, но дека и понатаму ќе го задржи трендот на раст, како една од најангажираните гранки, со најголем придонес во домашната економија.


Можеби ќе ве интересира

Ги запознаваме ретките болести: 29 дена во февруари со 29 ретки дијагнози

Ги запознаваме ретките болести: 29 дена во февруари со 29 ретки дијагнози

Предновогодишно дружење на вработените од Пивара Скопје со децата во СОС Детско Село

Предновогодишно дружење на вработените од Пивара Скопје со децата во СОС Детско Село

По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

АмЧам ја отвори Глобалната недела на претприемништво

АмЧам ја отвори Глобалната недела на претприемништво

КИФ и Самитот Македонија2025 - Можности за заедничка соработка

КИФ и Самитот Македонија2025 - Можности за заедничка соработка

Истражување на Асоцијацијата на финансиски друштва: Најмногу кредити се бараат за поправки

Истражување на Асоцијацијата на финансиски друштва: Најмногу кредити се бараат за поправки

Галиите од Вардар ќе заминат кога ќе се заплени имотот на ВМРО ДПМНЕ

Галиите од Вардар ќе заминат кога ќе се заплени имотот на ВМРО ДПМНЕ

Вишеградската група и ние

Вишеградската група и ние

Отворен ден во ПроКредит банка

Отворен ден во ПроКредит банка