11 Мај, 2024
0.0256

КОМПАНИЈА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ГИ ОТКРИ СИТЕ ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА НЕЈЗИНИТЕ ДИРЕКТОРИ - еве колку тие изнесувале

Објавено во: Економија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Текстилната компанија „Мода“ од Свети Николе ќе држи Собрание на акционери на 16 април оваа година, а во предлог одлуките за кои треба да гласаат акционерите има интересни новини и податоци за компанијата.

Една од одлуките за кои треба да гласаат акционерите на седницата на Собранието е како ќе се покрие загубата, која компанијата, не по своја вина, ја прикажа во текот на минатата година.

Имено, ланската 2023 година светиниколска „Мода“ ја заврши со негативен финансиски резултат од близу 19 милиони денари или прецизно 308 илјади евра.

На акционерите им се предлага таа загуба да биде покриена од акумулираните добивки од минатите години, и тоа 160 илјади евра од акумулирана добивка од 2022 година, потоа 113 илјади евра од 20109 година, како и 35 илјади евра од акумулираната добивка од 2018 година.

Собранието на акционери ќе има увид и во годишниот извештај на компанијата, а во кој се споделени состојбите во минатата година, меѓу кои и оние кои беа објавени во Билансот на успех и во неговото образложение, а за кои веќе пишуваше Фактор.

Имено, како што објавивме, како причини за згубата од 308 илјади евра која ја објави „Мода“ за минатата година се наведуваат намалените производни резултати, но и повисоките плати во исто време, а голем проблем на ова акционерско друштво му создала и земената државна помош во времето на ковид кризата, која потоа не само што мораше да ја врати, туку и за неа да плати казнена камата.

Оваа компанија, како што говори нејзиниот Биланс на успех, минатата година остварила оперативни приходи од дури 4 милиони евра, што е повеќе за 17 проценти во однос на претходната година. Овој финансиски извештај покажува дека најголемиот дел од приходите била остварени од продажба на странскиот пазар, наспроти домашниот. Па така, како приходи од продажба на странски пазар се регистрирани 3,65 милиони евра што е пораст за солидни 19 проценти во однос на една година претходно. Извозот главно се состоел од машки кошули. На домашниот пазар, пак, се остварени продажби од 291 илјади евра, што е зголемување за 6 отсто во однос на истиот период лани.  

„Треба да се напомене дека во 2023 престана да се произведува заштитна облека која беше поедноставна и со помалку време за производство на единица производ, и се разбира со пониски цени. Затоа вредноста на остварениот извоз во 2023 година изнесува 3.415.299 евра, и е за 22 отсто поголем од минатогодишниот“, напиша Ангел Димитров, извршен директор на „Мода“ во образложението за остварените резултати.

За да се одржи производниот капацитет во 2023 година, компанијата користела и работници од агенциите за времени вработувања, па во минатата година биле остварени повеќе ефективни работни часови во однос на 2022. Порастот на трошоците, како што објаснува Димитров во образложението, е главна причина за загубата, и покрај тоа што остварените приходи се за 21 отсто повисоки од претходната 2022 година.

Инаку, во годишниот извештај е наведена уште една интересна работа, а таа се платите кои ги зеле директорите во компанијата во минатата година, во бруто и во нето износ. Тоа е гест за пофалба и пример за транспарентност и пред акционерите, вработените, како и пред целата инвеститорска јавност.

Во извештајот се наведени платите на сите членови на Одборот на директори.

Извршниот директор Ангел Димитров, како што стои во извештајот, не зема надомест за членство во Одборот.

Но, затоа неговата годишна нето плата изнесува 1.333.145 денари или 21.677 евра, што е рамно на месечен износ од 111 илјаде денари или 1.800 евра месечно. Тој добива и 7.250 денари надомест за годишен одмор.

Неизвршниот член на Одборот Манфред Михалски, кој ги претставува странските акционери, исто така не зема надомест како член на одборот, а неговата годишна нето плата е 484.810 денари или 40.400 денари месечно, како и 14.500 денари годишен надоместок за годишен одмор.

Неизвршната директорка Мара Саздовска добива нето надомест за членство во одбборот нето од 120 илјади денари.

Солидни примања има и неизвршниот директор Владимир Стојанов, кој добива годишна нето плата од 756.930 денари или 63.000 денари месечно, нето надомест за членство во одборот од 120 илјади денари и нето надомест за годишен одмор од 14.500 денари.

Од компанијата информираат дека лани направиле инвестиции од 238 илјади евра во движен и во недвижен имот.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска