29 Април, 2024
0.0310

КОМПАНИЈА ОД МАКЕДОНИЈА ВО ЛИСТАТА НА ТОП 100 2017 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Десетта година по ред, СиЊуз (анг.SeeNews“, www.seenews.com), провајдер на деловни информации, го објавува своето годишно рангирање на првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година, како и првите 100 најголеми банки по вкупна актива и најголемите 100 осигурителни компании по бруто премии во Југоисточна Европа. Покрај водечкото рангирање на најголемите нефинансиски компании по вкупниот остварен приход, најголемото издание на “СиЊуз ТОП 100 од ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“ (анг. “SeeNews SEE TOP 100“, www.top100.seenews.com) вклучува и под-рангирање на најпрофитабилните и најдинамичните компании, компаниите кои оствариле најголеми загуби, најуспешните индустрии и компаниите кои се со најголем приход по глава на жител –  за 2016 година, како и за изминатата деценија. Овие рангирања се надополнети со интервјуа со лидерите од секој сектор и анализи на најбрзо растечките индустрии, овозможени од експерти во индустријата.

Растот на домашната побарувачка во услови на историски ниска инфлација и зголемување на приватните инвестиции и вработување продолжија да го водат економскиот раст во Југоисточна Европа (SEE) во 2016 година. Економските поттикнувачки фактори беа од корист за повеќето трговци и произведувачи на возила – двете индустрии кои се најосетливи на промени во расположливиот доход, како и на потрошувачкото расположение. Истовремено, големите нафтени и гасни компании, кои традиционално доминираат во рангирањето на најголеми компании во регионот, продолжија да работат со загуби, што влијаеше на вкупниот приход на учесниците на “ТОП 100 од ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“ (анг.SEE TOP 100”) листата. Комбинираната нето-добивка на стоте најголеми компании се зголеми за 39 проценти во споредба со профитот на минатогодишните учесниците во рангирањето.

Македонија во SeeNews TOP 100 SEE

Македонија учествуваше во “ТОП 100 од ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“ (анг.SEE TOP 100”) рангирањето со еден претставник, исто како и минатата година - хемиската компанија Џонсон Мети (Johnson Matthey). Компанијата ги подобри своите перформанси, издигнувајќи се од 24. место во 2016 година на 17. место оваа година, со 12% пораст во вкупниот приход.

Пет македонски кредитори беа дел од  “ТОП 100 Банки“ (анг. TOP 100 Banks”)рангирањето. Комерцијална Банка А.Д. е повторно најголемата Македонска банка, со рангирање на 45. место во споредба со банките од Југоисточна Европа. По неа, следуваат Стопанска Банка А.Д. – Скопје (52. место) и НЛБ Банка А.Д. Скопје (60. место). 

Вкупно пет македонски претставници се најдоа на “ТОП 100 Осигурителни компании“ (анг. TOP 100 Insurers”) ранг листата. Триглав Осигурување А.Д. Скопје е најголемата Македонска осигурителна компанија за 2016 година која на ранг листата го завзема 71. место.

Повеќе за “SeeNews

Повеќе од 15 години SeeNews.comе водечки провајдер на деловни новости, истражувања и анализа на пазарот за Југоисточна Европа,  успешно асистирајќи на експертите во клучните индустрии во регионот, како банкарството, осигурувањето, енергетиката, телекомуникациите, автомобилизмот, фармацијата и градежништвото, при донесување на стратешки деловни и инвестициски одлуки. Клиентите на Компанијата се: “ИМБ“ (IBM“), “Јуника“ (Uniqa), “Вулфтеис“ (Wolftheiss), “ХајпоНои Груп“ (HypoNoe Group), Солунската Берза, “Ројтерс“ (“Reuters), “Дау Џонс“ (“Dow Jones), “Лексис Нексис“ (“Lexis Nexis“), и “Буреа ван Дижк“ (“Buraeu van Dijk“), меѓу другите.

Целосната содржина на десеттото издание на “SeeNews TOP 100 SEE“ е достапна на: www.top100.seenews.com

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг