Компаниите Тотал Брендс, Тотал Логистик и Еуро Табак одржаа работна средба под мотото Најдoбрите заедно
Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2016
Изминатата сабота во Скопје се одржа настан под мотото Најдобрите заедно, на кој беше објавена и промовирана соработката меѓу едни од врвните брендови Гуте Фрухте и Хазел Дазел и најдобрата дистрибутерска компанија во Македонија –Еуро Табак.
Имено, новото партнерство вклучува соработка во делот на дистрибуцијата меѓу најдобрите производи (Гуте Фрухте и Хазел Дазел), најдобрите производствени и развојни технологии и најдобриот маркетинг споени во името на Тотал Брендс, како и најдобриот дистрибутер во Македонија – Еуро Табак.
На настанот, пред пристуните комерцијални и логистички тимови се обратија челните луѓе на двете компании, г-н Игор Николоски од Тотал Логистик и г-н Небојша Маслинко од Еуро Табак. Од двете компании цврсто веруваат во новото партнерство и убедени се дека оваа синергија на најдобрите ќе додаде нова вредност и ќе овозможи понатамошно зацврстување на нивните лидерски позиции на пазарот. Тотал брендс ги претстави своите планови за македонскиот пазар и најавија дека три години по успешното лансирање и етаблирање на брендот Гуте Фрухте, следува нова офанзива, овојпат со новиот концепт за лансирање на брендот Хазел Дазел.
Истовремено, настанот беше одлична прилика и можност за комерцијалните тимови на двете компании подобро да се запознаат и меѓусебно, но и со плановите и стратегијата на менаџерсите тимови со цел поуспешно теренско спроведување на истата. На настанот присутни беа и Марјана Станојковска и Лила Стојановска кои се заштитни лица за брендот Гуте Фрухте, при што вработените во двете компании имаа можност да ги запознаат и да се дружат со нив.
Тотал брендс е компанијата која е носител на лиценците за брендовите Гуте Фрухте и Хазел Дазел и компанија која се занимава со производство на овие брендови , како и иновации и развој на нови производи и маркетинг на истите за териотриите на Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Слоевенија.
Тотал Логистик е на пазарот присутна повеќе од 10 години и во текот на изминатата година е меѓу компаниите со најбрз раст во делот на логистиката и дистрибуцијата. Оваа компанија го менува курсот и во иднина планира да се сконцентрира на производство на врвни десерти, чоколади, наполитанки и сл.
Еуро Табак е една од најголемите компаниии која веќе 15 години работи во областа на дистрибуција, логистика, продажба и маркетинг. Ексклузивен дистрибутер е на производите на Imperial Tobacco Group на македонскиот пазар, а во 2006 станува овластен трговски застапник на услугите на T-mobile Македонија. Располага со 18 дистрибутивни центри со над 5000м2 магацински простор и возен парк од 140 возила кои и овозможуваат секојдневно да остварува 3000 дневни посети во повеќе од 6000 продажни места.